Соопштение за промените во евиденцијата на кредитните работи
Почитувани известувачи,
Народната банка неодамна донесе измени во подзаконската регулатива од областа на евиденцијата и известувањето за кредитните работи склучени со нерезиденти, коишто пред сѐ се однесуваат на олеснување на постапката на известувањето.
Имено, Одлуката за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/15), како и упатствата за известување коишто ѝ се надоврзуваат, имаат за цел да придонесат за намалување на обемот на документацијата којашто се поднесува при доставување барање за поединечно евидентирање на кредитна работа.
Отсега натаму, задолжителни документи коишто се доставуваат до Народната банка се само:
- барањето за евидентирање на кредитната работа;
- договорот за заем (кредит); и
- правилно пополнетиот образец НД-1 (или НП-1).
Документите коишто досега ги доставувавте до Народната банка, како: документот за инструментот за обезбедување на кредитната работа, како и други дополнителни документи (копија од решението од Централниот регистар, изјава за намената на средствата од заемот, како и изјава за капитална поврзаност, копии од царински декларации, обрасци за извршен платен промет со странство и сл.) повеќе не се задолжителни.
Сепак, согласно со регулативата, во одредени специфични случаи, доколку Народната банка оцени дека е потребно, го задржува правото да побара на увид и дополнителни документи, врз основа на кои би можела да се потврди точноста и квалитетот на податоците од обрасците за евиденција на кредитните работи склучени со нерезиденти.
На интернет-страницата на Народната банка, покрај информациите за начинот на известување и потребните обрасци, може да ги најдете и барањата за евидентирање и известување за кредитната работа. Тие се расположливи во делот „Статистика - Известувањa за потребите на статистиката - известување за резиденти кои склучиле поединечна кредитна работа со странство“, на следнава интернет-врска: Обрасци за поединечна евиденција на кредитните работи со странство НД и НП.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}