На 5 октомври 2015 година, во просториите на Народната банка се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија
На 5 октомври 2015 година, во просториите на Народната банка се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), Комисијата за хартии од вредност и Народната банка.
На состанокот се разговараше за состојбите и главните предизвици во секој од сегментите од финансискиот систем. Притоа, се заклучи дека секој од сегментите е стабилен и непречено функционира и со тоа придонесува за одржување на севкупната финансиска стабилност на Република Македонија.
Беше разговарано и за постигнатиот напредок во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните најдобри практики и директивите на Европската Унија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}