Народната банка на Република Македонија со задоволство ја известува јавноста дека денес, на 29 октомври 2014 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, потпишаа Меморандум за соработка
Скопје, 29.10.2014 година
Народната банка на Република Македонија со задоволство ја известува јавноста дека денес, на 29 октомври 2014 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки.
Меморандумот предвидува размена на знаења и искуства во областа на банкарството, примената на меѓународните принципи и супервизорски стандарди за претпазливо банкарско работење, заради натамошен развој и јакнење на финансиската стабилност и поттикнување одржлив економски раст во двете земји.
Овој меморандум е резултат на долгогодишните пријателски односи помеѓу двете централни банки и воедно, обезбедува продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите коишто ќе произлезат во наредниот период.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}