Издадена е и пуштени во оптек кованата пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштени во оптек кованата пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 181/14 и 188/14).
Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ ги има следниве карактеристики:
- на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2014“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и ознаката „Аg925“ и тежината на монетата „31.1 г“.
- на реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици - св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.
Цената на кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ изнесува 3.800,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk.