Редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика
Скопје, 10.10.2012 година
На 9.10.2012 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани најновите макроекономски показатели, ликвидноста и состојбите во банкарскиот систем и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари.
Последните макроекономски движења не упатуваат на поголеми промени во амбиентот за водење на монетарната политика, но сепак укажуваат на зголемени ризици. Забрзувањето на инфлацијата произлегува од фактори на страната на понудата и засега не се оценува како високоризично. Во надворешниот сектор, поради натамошното влошување на глобалните економски услови, се јавуваат надолни ризици за извозот и капиталните приливи. Сепак, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе се одржуваат околу адекватното ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуалните неповолни шокови. Во вакви услови, се наметнува потребата од поголема претпазливост во водењето на монетарната политика и внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата.
Во фокусот на случувањата на меѓународните финансиски пазари се растечките политички и финансиски притисоци во Грција, како и проблемите во банкарскиот систем и јавните финансии во Шпанија. Неповолните услови на пазарот на труд и недоволната кредитна поддршка од банкарскиот сектор дополнително ги влошуваат перспективите за економската и финансиската состојба во евро-зоната. Европската централна банка објави дека е подготвена да интервенира во неограничени износи на пазарите на државни обврзници кај оние земји коишто се соочуваат со проблеми, додека од другата страна на Атлантикот, Федералните резерви донесоа одлука за нова стимулативна програма, во чии рамки се предвидува откуп на агенциски хипотекарни обврзници.
Народната банка продолжи да ја спроведува монетарната политика со примена на широка рамка на монетарни инструменти. Банките активно управуваат со ликвидноста, при што се забележува намалување на вишокот ликвидни средства над задолжителната резерва, а позитивни промени се забележуваат и кај динамиката на исполнување на задолжителната резерва, којашто се карактеризира со висока стабилност. На пазарите на пари, меѓубанкарската каматна стапка се одржува на стабилно ниво, а тргувањето со хартии од вредност на пазарите преку шалтер забележува раст.
Имајќи ги предвид најновите движења, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека поставеноста на монетарната политика е соодветна на постојните економски и финансиски услови и ја задржа максималната каматна стапка на благајничките записи на истото ниво од 3,75%. Притоа, Комитетот одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи во износ од 26.300 милиони денари, односно на ниво на достасувањето (26.317 милиони денари).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}