Соопштение на НБРМ
Реакција на гувернерот на Народната банка на Република Македонија по повод на коментарите за работата на НБРМ изнесени деновиве од потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски и на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
„Гувернерот нема намера да коментира изјави на политичари, но, им препорачува на политичарите, било да се во власта или претендираат да бидат на власт, да ја почитуваат независноста на НБРМ. Народната банка има право и должност да носи мерки на монетарната политика за да ги оствари целите пропишани со Законот за НБРМ за ценовна стабилност, финансиска стабилност и не загрозувајќи ги нив, да ја поддржи економската политика. Оставаме на јавноста да процени дали г. Јовановски е загрижен за негативните ефекти од најновите мерки на НБРМ врз каматната стапка на депозитите на граѓаните или, пак, за нивното влијание врз намалувањето на профитот на деловната банка во која извршува висока раководна функција.“