Автор: Михајло Васков
Ниво на концентрација и структурни карактеристики на нефункционалните кредити во банкарскиот систем на Република Македонија
Оваа анализа го испитува нивото на концентрација на нефункционалните кредити во банкарскиот систем на Република Македонија според некои нивни структурни карактеристики во периодот 2008 - 2014 година, заради согледување на состојбите и успешноста на банките во управувањето со кредитниот ризик и нефункционалните пласмани. Во анализираниот период, учеството на нефункционалните во вкупните кредити умерено се зголеми, а во последните неколку години се одржува стабилно. Воедно, овој показател е на пониско ниво во споредба со банкарските системи на земјите од поблиското окружување. Анализата покажува дека повеќе од половината од износот на нефункционалните кредити се целосно резервирани, но сепак, сè уште се присутни во билансите на банките. Согласно анализата, приспособувањето на договорните услови на кредитите од страна на банките кон финансиските тешкотии на клиентите, е една од позначајните активности којашто може да помогне за избегнување на нефункционалниот статус на одобрените кредити, што е поттикнато со регулативата на НБРМ за управување со кредитниот ризик.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}