Народната банка на Република Македонија одржа еднодневна обука на тема: “Банкарските гаранции како инструмент за финансисрање на меѓународната трговија„ за министерствата во Владата на Р. Македонија и другите државни органи
На 3 декември 2015 година, во просториите на Народната банка на Република Македонија се одржа еднодневна обука на тема: „Банкарските гаранции како инструмент за финансирање на меѓународната трговија“. На обуката присуствуваа претставници од министерствата во Владата на Република Македонија, локалната самоуправа на градот Скопје и други државни органи коишто во изминатиот период комуницирале со Народната банка при користење банкарски гаранции како инструмент за обезбедување. Обуката ја отвори вицегувернерката м-р Маја Кадиевска-Војновиќ, којашто ја образложи потребата од обука на државните органи во однос на правилно користење на гаранциите како инструмент за обезбедување од ризиците во договорните релации со своите странски партнери.
Обуката во првиот дел опфати воведно запознавање со поимот, значењето и суштинските елементи кај банкарските гаранции, а во вториот дел се осврна на практичните аспекти во работењето со банкарски гаранции со анализа на реални примери на ризични случаи на гаранции, кадешто се отвори интерактивна дискусија со учесниците со размена на нивните досегашни искуства, тековни проблеми со коишто се соочуваат и дилеми во секојдневната пракса на работење со банкарски гаранции.
Очекувани придобивки од обуката за државните органи како корисници на гаранции се развивање аналитичко знаење за клучните елементи коишто се важни во работењето со банкарските гаранции и оттаму правилно дефинирање на условите во гаранцијата којашто ќе служи како инструмент за максимална заштита од ризиците од договорниот однос со странскиот партнер.
Материјали коишто беа презентирани на оваа обука:
- Прирачник за банкарски гаранции (pdf документ)
- Презентација (pdf документ)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}