Кована пара за колекционерски цели: „ДИМИТАР“
Аверс:
На аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
Реверс:
На реверсот, во средината на кованата пара е прикажан ликот на Димитар Донски, кнез на Москва (од 1359 година) и велики кнез на Владимир (1363-1389 година). Неговиот прекар, Донски (според реката Дон), потекнува од неговата победа против Татарите во битката кај Куликово (1380 година), која се водела по течението на реката Дон. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Димитар Донски во Тјумењ (Сибир, Русија). На десната страна е прикажан цветот хризантема - симболот на името Димитар. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“ кој наликува на лапис лазули - среќниот камен на Димитар. Натписи: „Димитар“ (на македонски и руски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Димитар |
Име на серијата ковани пари |
Ден на Ангел |
Номинална вредност |
100 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
28,28 г |
Димензија, форма |
30 x 50 мм, овална |
Раб |
мазен |
Квалитет |
полирана со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ |
Година на издавање |
2015 |
Цена |
3.500,00 денари |
|
|
Контакт |
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}