Кована пара за колекционерски цели: „ДЕВИЦА“
Аверс:
На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.
Реверс:
На реверсот е прикажана слика на девојка на небесна нишалка и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак „Девица“, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, цвет со симболот на хороскопскиот знак „Девица“ и името на латински јазик.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Девица
|
Име на серијата ковани пари
|
Хороскопски знаци
|
Номинална вредност
|
10 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
21,00 г
|
Димензија, форма
|
35 x 45 мм, овална
|
Раб
|
мазен
|
Квалитет
|
со позлата и вметнато кобалтно стакленце
|
Година на издавање
|
2014
|
Цена
|
2.700,00 денари
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.