достапно само на англиски јазик
Автори: Гани Рамадани и Предраг Пандилоски
Дезинфлаторните прелевања од eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа
достапно само на англиски јазик
Целта на истражувањето е да ги анализира детерминантите на движењето на инфлацијата во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Глобалните фактори поврзани со трошоците, како и движењето на инфлацијата во еврозоната, имаат важна улога во објаснувањето на динамиката на инфлацијата во земјите од ЈИЕ. Имено, промените во светските цени на храната и енергијата, заедно со поврзаните промени во администрираните и регулираните цени, во голема мерка ги објаснуваат трендовите на инфлацијата во овие земји. Исто така, добиените резултати покажуваат дека дезинфлаторните прелевања од еврозоната во последниве години се важен фактор за ценовните движења во земјите со режим на фиксен девизен курс, особено оние со поголема трговска размена со еврозоната. Понатаму, анализата по одделни земји покажува дека и земјите со помалку ригидни режими на девизен курс, но со релативно висока трговска размена со еврозоната, се подложни на прелевање на инфлацијата од еврозоната. Освен овие фактори, важна улога врз инфлација во земјите од ЈИЕ има и номиналниот ефективен девизен курс, особено во земјите со режим на флуктуирачки (променлив) девизен курс. Цикличната невработеност не се покажува статистички значајна за движењето на инфлацијата во оваа група земји, што е во согласност со неколку неодамнешни наоди за израмнување на Филипсовата крива во многу економии во светот.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}