Скопје, 13.03.2013 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 13 март 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,50%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 24.020 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 4.711 милиони денари и изнесуваше 28.731 милиони денари. Реализацијата изнесува 24.020 милиони денари, а постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,42%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 април 2013 година.