Аверс
Златната погребна маска потекнува од требенишката некропола, каде што се откриени уште три вакви маски, датирани на крајот од VI век пр.н.е. Покрај овие во нашата земја е откриена уште една златна маска во Охрид и една фрагментирана маска од Петилеп – Беранци. Златните маски се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето.
Златните обетки со лавовски глави се најраспространетиот накит во нашата земја во хелинистичката епоха. Тие се инспирирани од персиските прототипови кои на Балканот доаѓаат со посредство на производните центри од Источниот Медитеран.
Реверс
Цвет на афион, кој е донесен во нашата земја во 1835 година. Афионот расте во гевгелискиот, тиквешкиот и велешкиот регион. Неговиот цвет е со црвено-виолетова боја.
назад
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}