Систем за вкрстување на пораките на пазарите преку шалтер

Системот за вкрстување на пораките на пазарите преку шалтер е електронски систем на НБРМ за вкрстување пораки за пренос на сопственост на хартии од вредност коишто се тргуваат на пазарите преку шалтер. Системот овозможува прием, контрола и вкрстување на пораките за пренос на сопственост доставени од купувачот и продавачот по извршеното тргување со хартиите од вредност. Системот ги споредува елементите на пораките за пренос на сопственост и доколку дојде до вкрстување на пораките, генерира и испраќа единствена порака за пренос на сопственост до соодветниот депозитар на хартии од вредност (Депозитарот на благајнички записи, во случај кога се тргуваат благајнички записи, или до Централниот депозитар на хартии од вредност во случај кога се тргуваат сите останати хартии од вредност). На крајот, по извршениот пренос на сопственост на хартиите од вредност во соодветниот депозитар со истовремен пренос на парични средства во МИПС, учесниците се известуваат за исходот од порамнувањето преку системот за вкрстување.

Правила за начинот и постапката за тргување и порамнување на трансакциите со хартии од вредност на пазарите преку шалтер.

Стандард за намената и форматот на пораките МТ199 во Системот за вкрстување.