Системи за порамнување на хартии од вредност

Системите за порамнување на хартиите од вредност овозможуваат пренос на сопственоста на хартиите од вредност, коишто се тргувани на организирани берзи или пазари преку шалтер. Преносот на сопственоста на хартиите од вредност се извршува преку сметките на коишто се евидентираат хартиите од вредност во дематеријализирана форма. Системите за порамнување на хартиите од вредност се тесно поврзани со платните системи, бидејќи преносот на сопственоста на хартиите од вредност вообичаено се извршува со истовремен пренос на парични средства, запазувајќи го принципот „испорака наспроти плаќање". Притоа, порамнувањето на паричните средства поврзани со тргувањето на хартии од вредност може да се изврши на бруто или на нето-основа.

Во Република Македонија постојат два система за порамнување на хартии од вредност: Централен депозитар на хартии од вредност и Депозитар на благајнички записи на НБРМ.