Системи за мали плаќања

Системите за мали плаќања се наменети за обработка на голем обем на плаќања со релативно ниски износи помеѓу економските агенти (физички лица, компании и јавен сектор). Системите за мали плаќања може да порамнуваат средства на сметки кај централната банка или кај деловните банки.

Во Република Македонија системи за мали плаќања претставуваат Клириншкиот интербанкарски системи АД Скопје и Интернационален картичен систем АД Скопје.