Системи за големи плаќања

Системи за големи плаќања се системи коишто се наменети првенствено за обработка на итни и/или големи плаќања. Значителен број од системите за големи плаќања имаат можност за обработка на плаќањата со ниска вредност, но сепак, нивната првенствена намена се големите и итни плаќања. Повеќето системи за големи плаќања порамнуваат со средства на сметки кај централната банка. Обработката на ваквиот тип плаќања наметнува високи стандарди на безбедност и ефикасност.

Во Република Македонија единствен систем за обработка на плаќања со висока вредност и итни меѓубанкарски плаќања е Македонски интербанкарски платен систем (МИПС).