Развојна и катализаторска улога

НБРМ ја извршува развојната улога преку подобрување на регулативата за платните системи, учество во усогласувањето на националната регулатива со европската регулатива, воведувањето на нови стандарди во работењето на платните системи кои се на линија на меѓународно прифатени стандарди, следење на развојните тенденции и креирање на амбиент за нивно имплементирање во Република Македонија со цел подготвеност во интеграционите текови на СЕПА во рамки на ЕУ.

НБРМ ја остварува катализаторската улога преку иницирање, координација, истражување и консултирање на операторите и учесниците на платните системи во врска со промените кај поставеноста, функционалноста и политиките во доменот на платните системи.  Развојната и катализаторската улога НБРМ претежно ги остварува преку функционирањето на Националниот совет за платни системи на Република Македонија.