Правилата за работа на МИПС овозможуваат ефикасно комуницирање помеѓу учесниците и МИПС, како и помеѓу самите учесници. Учесникот избира еден од начините за пренесување на пораките во МИПС:

Во комуникацијата со МИПС, учесникот користи пораки со дефиниран формат согласно со Стандардот за намената и форматот на пораките во МИПС.

Овие правила се достапни јавно на интернет-страницата на Народната банка, а сите нивни измени се најавуваат најмалку 15 дена однапред. По исклучок, Народната банка може да воведе и промена во пократок рок, ако сите учесници се согласат со промената.

Терминскиот план согласно со кој работи МИПС за плаќањата во денари или евра е дефиниран во одредбите од Правилата за работа на МИПС и нивните прилози.