ПОИМ За платните системи

Платен систем е воспоставена инфраструктура за пренос на парични средства помеѓу учесниците, којашто е составена од институции, инструменти, правила, процедури и технички средства за безбеден пренос.

Оттука, платниот систем опфаќа:

  • платежни инструменти со кои се иницира преносот на парични средства од страна на налогодавачот;
  • процесирање (клиринг) на инструкциите за плаќање на учесниците во платниот систем;
  • порамнување на плаќањата помеѓу учесниците во платниот систем - вообичаено се користат средства на сметки кај централната банка; и
  • договорени заеднички оперативни процедури, правила и технички стандарди (учесници, сметки, тарифирање, итн.).

Во современи услови, плаќањата вообичаено се извршуваат преку користење на банкарските депозити. За да се изврши плаќање, налогодавачот мора да издаде инструкција, вообичаено до банката каде што ги чува паричните средства коишто треба да се префрлат. Инструкцијата може да биде во хартиена форма или пак електронска инструкција со користење на современи технолошки решенија (платежна картичка, компјутер или мобилен уред). Понатаму, платежната инструкција се обработува и се порамнува вообичаено без учество на налогодавачот на инструкцијата. Оттука, иако платниот систем е суштински за обезбедување платни услуги на крајниот корисник, сепак, тој не е директен учесник во платниот систем и неговото плаќање се извршува индиректно преку ограничен број директни учесници во платниот систем.

  1. Доставување на налог за плаќање до банка.
  2. Доставување на налогот до платен систем за (а) мали плаќања или (б) големи или итни плаќања.
  3. Клиринг на примените инструкции и доставување на нето-позициите до систем за порамнување.
  4. Порамнување и доставување информации за (а) одобрување и (б) задолжување до банката на налогопримачот и налогодавачот.
  5. (а) Одобрување и (б) задолжување на сметките на налогопримачот и налогодавачот.

Во Република Македонија постојат следниве платни системи: