Заштитен слој на капиталот за системски значајни банки
Целта на заштитниот слој на капиталот за системски значајни банки е да ја зголеми отпорноста на банките коишто се идентификувани како системски значајни банки на неочекувани шокови или загуби коишто можат да настанат во текот на нивното работење. Воведувањето дополнителен износ на капитал којшто треба да го одржуваат системски значајните банки не е показател за нивната поголема ризичност во однос на другите банки во системот, туку произлегува единствено од нивната значајност за целокупниот банкарски систем. Поголемата солвентност на системски значајните банки и нивната поголема отпорност влијае кон зајакнување на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, а со тоа и на вкупната економија.
Врз основа на Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17) и Упатство за спроведување на Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/17), Народната банка врши идентификување на системски значајните банки во Република Македонија и објавува листа на идентификувани системски значајни банки:
- листа на идентификувани системски значајни банки врз основа на податоците со состојбата на 31 декември 2019 година
- листа на идентификувани системски значајни банки врз основа на податоците со состојбата на 31 декември 2018 година
- листа на идентификувани системски значајни банки врз основа на податоците со состојбата на 31 декември 2017 година
- листата на идентификуваните системски значајни банки врз основа на податоците со состојбата на 31 декември 2016 година
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}