logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Гувернер
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавност
      • Соопштенија за печат
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Говори
      • Интервјуа (гувернер)
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Вработување во Народната банка
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Извештаи за финансиската стабилност
    • Индикатори за финансиската стабилност
    • Анкети
    • Заштитни слоеви на капиталот
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
      • Заштитни слоеви на капиталот
    • Извештаи, показатели, презентации и обрасци
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анализи и презентации
      • Обрасци
      • Алатки
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Прашалници
    • Банкарски систем на РСМ
    • Организациона структура на супервизијата
    • Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Порта за иновации
  • Платни системи
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2018 - 2022
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
          • Директни инвестиции
          • Структура на СДИ
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Месечни информации
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за единствената тарифа на надоместоци за услуги што ги врши Народната банка
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Супервизорски циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување

Постојат повеќе алтернативи во кои може да се инвестираат расположливите средства. Вообичаено, инвеститорите практикуваат вложување на расположливите средства во  различни инвестиции, заради диверзификација на ризикот. Општо земено, овој пристап на распределба на паричните средства во различни инвестиции, во основа, треба да овозможи намалување на вкупниот ризик на инвестициите[1]. Многу често, оваа диверзификација се однесува на комбинација на инвестиции во домашната валута наспроти инвестиции во странска валута. Кај нас, ова е особено случај кај депозитите, каде што покрај депозити во денари, населението држи и депозити во странска валута, најчесто во евра. Штедењето во странска валута, најчесто мотивирано од потребата за диверзификација, а кај нас и од навиките од минатото, е поврзано со посебен вид ризик – валутниот ризик.

Валутниот ризик претставува ризик од евентуална промена на девизните курсеви, којашто особено доаѓа до израз при различна валутна структура на средствата и обврските, односно на расположливите парични средства и побарувања, наспроти обврските и долговите за плаќање. Во овој контекст, постои посебна регулатива за банките[2] којашто се однесува на нивната изложеност на валутен ризик, со цел да се ограничат евентуалните неповолни последици од валутна неусогласеност на нивните средства и обврски. По истата логика, банките се должни при кредитната анализа и одобрувањето девизни кредити на компании коишто се занимаваат со надворешнотрговска размена и следствено имаат изложеност на валутен ризик, да го разгледаат и прашањето дали компанијата води сметка за степенот на покриеност на нејзините обврски во странска валута (кредитот што ќе го добие) со приливи во странска валута. Кај која било фирма, доколку поголемиот дел од паричните одливи за покривање различни обврски е во странска валута, а поголемиот дел од паричните приливи е во домашна валута, евентуалната промена на курсот би се одразила врз способноста за отплата на обврските. Следствено, и домаќинствата, секое од свој аспект, имаат потреба за следење на изложеноста на валутен ризик, доколку имаат приливи или одливи во странска валута.

Во нашата земја, одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, веќе подолг временски период, придонесува за заштита на домашните субјекти (населението, компаниите, банките) од овој ризик во однос на еврото. Кај банките и компаниите, а евентуално и кај населението коешто има девизна изложеност во друга странска валута (американски долар или швајцарски франк), таквиот ризик сепак постои. Во некои земји од регионот сѐ уште не се заборавени искуствата од пред неколку години, кога силната нагорна промена на вредноста на швајцарскиот франк доведе до значително зголемување на долгот на населението коешто користело кредити во оваа валута (без соодветна покриеност со приливи во истата валута), што понатаму доведе до неможност за отплата на долгот, а тоа, пак, се одрази со високи загуби за банките.

Покрај валутната диверзификација на инвестициите, дополнителна мотивација за избор на одредена инвестициска алтернатива, конкретно за изборот на денарски или девизни депозити како инвестиција, е разликата во приносот. Каматните стапки, односно приносот на депозитите во локална валута е повисок во однос на приносот што може да се оствари на депозити во странска валута, бидејќи каматната стапка на депозитите во локална валута ја вклучува и премијата за ризик за домашната економија во однос на развиените економии со конвертибилни и широко употребувани валути (евра, долари). Каматните стапки на депозитите во странска валута ги следат меѓународните движења за приносите во овие валути. Во периодот на и по глобалната финансиска криза, при ниски (па и негативни каматни стапки во еврозоната), каматните стапки за депозити во евра, кај нас, а и во многу други земји, се многу ниски. Следствено, депозитите во домашна валута, не само во периодот на кризата, туку и општо земено, носат поголем принос од штедењето. При ниска и стабилна стапка на инфлација, споредлива со еврозоната, поголема разлика кај номиналниот и реалниот принос на депозитите во домашна валута не би се очекувала, така што гледано и од аспект на вкупниот реален принос, денарските депозити се поисплатливи.   

За инвеститорите кои сепак ризикот од валутата го ставаат пред приносот, односно водат сметка да бидат покриени за валутниот ризик, постојат и инвестициски алтернативи во облик на денарски депозити со девизна клаузула (како и денарски државни хартии од вредност со девизна клаузула). Девизната клаузула подразбира соодветен надомест во случај на настанување на валутен ризик, односно при промена на девизниот курс кон одредена валута, доколку тоа се случи во периодот на држење на финансискиот инструмент. Сепак, бидејќи овие финансиски алтернативи се помалку ризични (вклучуваат заштита од валутен ризик), нивниот принос е помал во споредба со денарските депозити (или денарските државни хартии од вредност, соодветно).    

 

Што треба да знаете за валутниот ризик и валутните склоности при инвестирање?

Потребно е внимателно да ги согледате евентуалните ризици од настанување на валутен ризик, водејќи сметка за соодветна покриеност на одливите во странска валута со приливи во странска валута. Ризикот од промена на валутата разгледувајте го во комбинација со приносот кој може да го остварите и обидете се да ја изберете најдобрата комбинација на инвестирани средства, од аспект на валута, но и од аспект на принос.

 



[1] Познавањето на пристапот на диверзификација на ризикот при инвестирање е едно од основните прашања преку кои се оценува финансиската писменост на населението во глобални рамки.

[2] Одлука за управување со валутниот ризик 

 

Почетна Финансиска едукација Економија за секого
  • Финансиска едукација
    • Соопштенија
    • Материјали
    • Конкурси
    • Галерија
    • Конференции
    • Едукативни видеа
    • Едукативни игри

Што е валутен ризик и како да се заштитите?

Што треба да знаете за дебитните и кредитните картички?

Преддоговорни информации кај потрошувачкиот кредит: преглед на понудените кредитни услови

 

кратки едукативни текстови →

  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

Проектот за финансиска едукација предвидува организација на едукативни посети за деца и млади од основното, средното и високото образование.

Закажувањето на организираните посети за финансиска едукација се врши на електронската пошта: [email protected]

Enter description...
Enter description...



 
преземи ПДФ публикација  



 
преземи ПДФ публикација  



 

преземи ПДФ публикација | достапно само на англиски јазик 



Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | [email protected] (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • веб мапа
  • веб инфо
  • ЧПП
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • ново на социјалните мрежи
  • контакт
  • имот на банките и штедилниците наменет за продажба