Портата за иновации е отворена за иновативни идеи во финансискиот сектор, која воедно вклучува иновации кои спаѓаат под опфатот на т.н регтек (англ.Regtech), како акроним за регулаторна технологија. Регтек е вообичаено признат термин за технологии коишто можат да ги користат учесниците на пазарот за да ги следат регулаторните барања и барањата за усогласеност на работењето со прописите на поефикасен и поефективен начин. (назад)