logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За НБРМ
    • Гувернер
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавност
      • Соопштенија за печат
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Говори
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Членови на совет на НБРМ
    • Седници на совет на НБРМ
    • Организациона шема
    • Стратегија
    • Програма за работа на НБРМ
      • 2018
      • 2017
      • 2016
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда на НБРМ
    • Финансиска едукација
    • Музеј на НБРМ
    • Библиотека и архив
    • Вработување во НБРМ
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
    • Промени на основната каматна стапка на НБРМ
      • декември 2017
      • октомври 2017
      • септември 2017
      • август 2017
      • јули 2017
      • јуни 2017
      • мај 2017
      • април 2017
      • март 2017
      • февруари 2017
      • јануари 2017
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар на РМ
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Извештаи за финансиската стабилност
    • Индикатори за финансиската стабилност
    • Заштитни слоеви на капиталот
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
      • Заштитни слоеви на капиталот
    • Извештаи, показатели, презентации и обрасци
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Македонија
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Македонија
      • Анализи и презентации
      • Обрасци
      • Анкети
      • Алатки
    • Банкарски систем на РМ
    • Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
    • Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
  • Платни системи
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на НБРМ во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Карактеристики на новите книжни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматни стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
          • Директни инвестиции
          • Структура на СДИ
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
    • Основни економски показатели
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Месечни информации
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на НБРМ
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Работни материјали
      • Разно
      • Анализи
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
    • Библиографии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за единствената тарифа на надоместоци за услуги што ги врши НБРМ
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Супервизорски циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување

Обраќање на гувернерот на Народната банка на Република Македонија м-р Петар Гошев на свечената седница во Македонската опера и балет по повод "Јубилеј 60 години централно - банкарски активности во Република Македонија", во Скопје, 20-21.10.2006 година

 

Почитуван Претседател на Република Македонија, господин Бранко Црвенковски,

Почитуван Претседател на Собранието на Република Македонија, господин Љубиша Георгиевски,

Почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, господин Никола Груевски,

Почитуван поранешен Претседател на Република Македонија, господин Киро Глигоров,

Почитувани министри поранешни и сегашни,

Почитувани претставници на судските, јавните и културните институции на Република Македонија,

Ваши екселенции,

Почитувани лидери на верските заедници,

Почитуван градоначалник на Скопје,

Драги колеги, лидери на банкарскиот, финансискиот и вкупниот корпоративен сектор,

Драги пријатели од странство, колеги гувернери, претставници на централните банки и други меѓународни финансиски институции, вечерва присутни од четири континенти, драг Малколм Најт, генерален менаџер на Банката за меѓународни порамнувања (БИС),

Дами и господа,

Најтопло добредојде до сите вас присутни на овој, за нас, исклучителен настан!

 

На 19 октомври 1946 година, "Македонска стопанска банка" врз основа на "Уредба за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор", на тогашната сојузна држава и Одлука на тогашното македонско раководство, се спојува со Народна банка на поранешната Федеративна Југославија. Со тоа таа станува официјална единица,  наречена Централа за Народна Република Македонија, која ќе врши еден дел од централнобанкарските активности. Поради тоа, одлучивме годинава да ги одбележиме тие 60 години посветени на централното банкарство, всушност 60 години посветена служба кон државата. Од историски аспект тоа не е долг период. Но, за нас, е фундаментален зашто де факто значи реализација на вековните копнежи на нашиот народ за своја држава со сите атрибути - во случајов и со остварувањето на целосниот финансиски суверенитет.

Зошто улогата на централното банкарство во една економија е важна? Затоа што е задолжено за одржување на куповната моќ на валутата во функција на општата стабилност на економијата како основна претпоставка за нејзин одржлив раст и развој. Ова задолжение не е секогаш лесно да се исполни, затоа што одговорот на овој предизвик бездруго лежи во мноштвото општествени и културни фактори, во тоа колку тие ја поддржуваат идејата дека ценовната стабилност е неопходен, иако недоволен фактор за обезбедување на тие цели. Ќе беше убаво ако во историјата на централното банкарство во Република Македонија наоѓавме само успеси. Меѓутоа, во најголемиот дел од изминатите 60 години, фактите се различни. Евидентни се и успеси, и промашувања. Тргнувајќи од фактот дека улогата на централното банкарство во развојот на економијата најдобро се гледа од развојот на самата институција, дозволете ми да се осврнам на некои позначајни моменти од тој развој.

На самиот почеток, Банката врши само дел централно-банкарски работи:  дистрибуција на пари, платен промет, контрола, денес би рекле супервизија на банките. Прв нејзин директор е д-р Тодор Мировски, дотогашен директор на Македонска стопанска банка, а од почетокот на 1947 до јуни 1950 година, Александар Богоев.

Од функционален аспект, централното банкарство во изминатите 60 години може условно да го поделиме на три периоди.

Првиот период би го именувале како прединституционален (1946-1970), вториот, период на формална институционализација (1971-1991) и третиот, период на монетарна самостојност (1992-2006).

Првиот период го означуваме како прединституционален затоа што само на федеративно ниво постои институција - централна банка. И, како што знаете главна карактеристика на повоеното живеење во сите сфери, значи и во банкарството во целина беше централизацијата. Доследно на тоа, сите комунални банки веднаш стануваат филијали на Народна банка на тогашна Федеративна Југославија - Централа на НРМ, со задача да собираат парични средства, да даваат кредити во висина на собраните средства,  да вршат ограничени работи во платниот промет со странство, да вршат благајнички работи за извршување на буџетите на локалните единици и слично. Централата, односно зародишот на Централната банка продолжува да дистрибуира книжни и ковани пари, да собира слободни парични средства, да ги кредитира банките и да го организира платниот промет со странство.

Дури во шеесетите години на минатиот век започнува разграничувањето на надлежностите, меѓу Народната банка односно Централата во Македонија  и надлежностите на деловните банки. Но, во исто време, се зголемува зависноста на Централата за Македонија од Народната банка на тогашната Југославија - процес истоветен за сите поранешни Југословенски-републики. Всушност, Централата на Република Македонија е сведена на извршување само рутински операции од извршен и оперативен карактер. Сите политики, одлуки и регулатива се креираат и усвојуваат во Белград.

Вториот период, периодот на институционализација претставува извесна пресвртница во централното банкарство. Во 1971 година, наместо централи на бившите Југословенски републики, се формираат Народни банки на републиките и покраините,  а со тоа и Народна банка на Република Македонија. Во 1972 година, Собранието на Република Македонија за прв пат донесува републички закон за Народната банка на  Македонија, а во 1974-та таа е дефинирана и со Уставот на Република Македонија. За прв гувернер, во 1972 година е именуван Стојан Ќосев, дотогашен член на Извршниот Совет на Република Македонија.

Во Законот, Народната банка на Македонија е дефинирана како установа на единствениот монетарен систем на поранешна Југославија со својство на правно лице. Со ваквата поставеност таа самостојно ги врши проекциите на кредитната политика за Република Македонија. Но, утврдувањето на монетарната, кредитната и девизната политика и натаму е во надлежност на Народната банка на поранешната Југославија, меѓутоа, сi поголем дел од одлуките на нејзините органи се донесуваат со консензус на претставниците на републиките и покраините. Пет години потоа, 1977 година, Народна банка на Македонија добива нови надлежности: лиценцира банки, врши платен промет и кредитни работи со странство. Добива и поголеми права и обврски за одржување на ликвидноста на банките. Овие функции и надлежности остануваат во наредните 15 години речиси исти.

Третиот период, периодот на целосното монетарно осамостојување, кое што го следи конституирањето на самостојната држава - Република Македонија, дефинитивно е најзначајниот период во централното банкарство од сите аспекти.  Во овој период се случуваат најкоренитите трансформации со кои НБРМ дефинитивно се конституира како институција со сите недвосмислени атрибути на самостојна централна банка, а со тоа и како еден од клучните атрибути на државноста на Република Македонија.

Во овој период требаше:

-          да се воведе новата македонска национална валута - денарот;

-          да се совлада инфлацијата која во моментот на монетарното осамостојување  изнесуваше околу 1.200% на годишно ниво;

-          да се совладаат наталожените проблеми во банкарството, со кого што управуваа главно должниците;

-          да им се вратат т.н. ”замрзнати” девизни штедни влогови на штедачите, како прв услов за враќање на довербата во банкарството;

-          во самата Централна банка да се формира капацитет за водење самостојна монетарна политика и за ефикасна супервизија на банкарскиот систем;

-          да се востанови современ платен систем.

Многу од овие прашања беа успешно решени. На многу од нив успешно се работи и натаму. Домашната валута беше успешно воведена, инфлацијата совладана, за да во последните 12 години изнесува само 2,2% просечно годишно. Востановена е функција на прудентна супервизија која континуирано напредува и се надградува. Платниот промет функционира солидно. Функцијата фискален агент на државата, исто така.

Капацитетот за водењето на монетарната политика е во постојан прогрес. Од април 1992 до декември 1995 година, Народната банка применува стратегија на монетарно таргетирање, а посредна цел е паричната маса М1. Во тоа време, користени се, пред сe, директните инструменти:  селективните кредити, минималната ликвидност, задолжителните благајнички записи, есконтната стапка и задолжителната резерва. Изборот е наметнат од дадените околности: непостоење развиени финансиски инструменти и институционална финансиска структура; отсуство на каматниот трансмисионен механизам и постоење на висока меѓузависност меѓу агрегатната побарувачка и паричната маса.

Во октомври 1995-та НБРМ преминува кон монетарна стратегија на таргетирање на номиналниот девизен курс во однос на германската марка, подоцна кон еврото, при што стабилноста на девизниот курс на денарот претставува посредна цел на монетарната политика. Ваквата стратегија, применета во мала и отворена економија, каква што е нашата, се покажа мошне успешна за одржување на ценовната стабилност и до овој денешен ден.

Сите реформи во инструментите на монетарната политика, од осамостојувањето наваму, беа насочени кон воведување индиректни, пазарно ориентирани инструменти, за овозможување ефикасно водење на монетарната политика. Затоа, во 1993 се воведени аукциите на депозити и на кредити, а на крајот на 1994 и на благајничките записи. Почетниот развој и зацврстувањето на финансискиот систем на Република Македонија, посебно пазарот на државни хартии од вредност, ни овозможи да вклучиме нови инструменти, по примерот на современите централни банки. Во април 2005-та година го промовиравме пазарот преку шалтер за државни хартии од вредност. Во истата година го промовиравме генералниот репо договор и започнавме со репо операции при склучување на ломбардни кредити. Во март годинава, заедно со Министерството за финансии воведовме државни записи за монетарни цели.

Tранзицијата на монетарната стратегија и монетарните инструменти не ќе се одвиваше успешно без соодветни реформи во банкарството. Затоа беше извршена санација и приватизација на банките, беше формиран Фонд за осигурување на штедните влогови и беше усвоена и имплементирана нова регулатива за прудентно работење согласно Базелските принципи за ефективна банкарска супервизија.

 

Почитувани,

 

Рековме дека овој пристап на загледување во изминатите шест децении е всушност разгледување на централното банкарство од функционален аспект врз чија основа, со сите ризици на арбитрарност, маркиравме три развојни етапи за институцијата по чија покана нe удостоивте да го направиме овој импозантен собир на еминенции, почитувани гости и пријатели на централната банка и на Република Македонија.

Ако го проследиме развојот на централното банкарство од друг аспект, условно нарекувајќи го амбиентален, односно од аспект на општествениот систем во кој тоа, централното банкарство и воопшто банкарството се развиваше досега, тогаш без сомнение постојат само две етапи. Првата, од 1946-1991, и втората, од 1991, до денес. Оваа класификација е значајна и историски исклучително поучна. Во првата етапа, централното банкарство, како и сe друго, се гради врз негација на темелните принципи на пазарната економија, односно врз негација на сопственоста која на почетокот е дефинирана како државна, потоа како работничка, а најмалку беше тоа,  за потоа и како самоуправна, која ни највештите формулации не успеваа да ја омеѓат. Излегуваше како"сечија и ничија", но де факто им припаѓаше на тие со најголема политичка моќ. Во согласност со тие постулати на системот, кредитните планови ја насочуваа примарната емисија, наместо таа да биде детерминирана од економските фундаменти:  економскиот раст, интерните и екстерните биланси, понудата и побарувачката,  реалните пазарни вредности. Печатењето пари, исто така,  го диктираа должниците, кои не ги враќаа заемите, но издаваа меници кои на крајот завршуваа на товар на примарната емисија; потоа, исклучителното меко буџетско ограничување; директното кредитирање од примарната емисија на цели стопански сектори, па и одделни компании, со камати убедливо под стапката на инфлацијата. Наместо должници, честопати банкротираа нивните доверители, со намера да се сочува социјалниот мир или одложи социјалниот немир. Затоа, крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, со одот потоа до денес, се години на Шумпетерова деструкција, позитивна деструкција - без оглед на сите наши незадоволства од бавноста на реформите и загрозената социјална сигурност која, се согласувам, не мораше да биде нагризена до тој степен, пред новите решенија да почнат да даваат подобри резултати.

Но, мора да кажеме дека, Република Македонија конечно се врати на вистинскиот пат: на главните мегатрендови на најразвиениот дел од човековата цивилизација; на изградбата и практикувањето функционална пазарна економија; на конкуренцијата, и тоа на отворениот светски пазар; на доминантноста на индивидуализмот наспроти сеопштата и сеприсутна колективизација; на макотрпното градење институции одговорни пред граѓаните; на тешкиот пат на обезбедување на владеењето на правото.

А, поуките, ги извлековме ли? 

-          дека треба да стоиме подалеку од револуционерните методи кои наеднаш прекинуваат сe и градат сe одново;

-          дека нема ефикасен систем во кој не се знае сопственоста и правата што произлегуваат од неа;

-          дека нема ефикасен систем кој ги негира разликите во способностите вршејќи поделба на општественото богатство врз нивна груба негација;

-          дека нема одржлив економски раст и развој преку континуирано поголемо трошење од создаденото;

-          дека нема силна економија без развиени институции и судски систем.

 

Почитувани,

 

Централната банка сосема ги распознава принципите и на претходниот и на денешниов систем во доградба. Затоа таа, денес е успешна и модерна институција, со задоволителен тренд на изградба на својот институционален капацитет. Успешна е затоа што ја следиме институционалната поставеност на централните банки од развиените земји, каде што независноста на централното банкарство е препознаено како еден од основните предуслови за ефикасно водење на монетарната политика и девизниот курс. За среќа, тоа е разбрано, и од политичките институции во државата и затоа општа е оценката дека НБРМ денес ужива значајно ниво на независност, и формална и фактичка. Но, најважно е што сепак знаеме каде и колку заостануваме зад централните банки на развиените држави, колку многу треба да работиме за да го намалиме заостанувањето и каде треба да стигнеме.

Треба да унапредиме бројни современи аналитичко-истражувачки модели и практики. Да го зголемиме знаењето од областа на економското моделирање и економетриски техники. Впрочем, во овој домен, за месец - два започнуваме со редовна обука на вработените во НБРМ и тоа на систематски и перманентен начин. 

Веќе се подготвуваме за профилирање и имплементирање на други монетарни стратегии, зашто тоа го наметнуваат процесите на глобализација и интеграција на пазарите, претстојното мошне блиско целосно либерализирање на капиталната сметка, оправдано антиципираните поголеми приливи на капитал, кои создаваат нов амбиент за нашата економија, заедно со ризиците од нестабилност и шпекулативни притисоци. Тоа го наметнува и нашата стратешка определба за влез на Република Македонија во ЕУ - што во крајна инстанца значи достигнување институционален капацитет соодветен на критериумите на Мастришкиот Договор од 1992 година за да се биде подготвен за влез во Европскиот систем на централни банки.

Треба уште повеќе да го унапредиме капацитетот на супервизијата. Затоа, веќе се во тек нови регулативи на кои работиме со Министерството за финансии и нови интензивни активности за постепен премин кон супервизија базирана на оценка на ризиците, како основа за имплементација на Новата капитална спогодба - БАЗЕЛ 2. Истовремено, треба да го унапредиме нашиот капацитет за анализа на финансиската стабилност на земјата - активности кои ги започнавме, но кои бараат големи напори и посветеност. 

Им благодарам на сите, во име на Народната банка, кои во различни околности и под тешки искушенија дале придонес во изградбата на една институција каква што е Народната банка на Република Македонија. Монографијата што по овој повод ја подготвивме - 60 години централно банкарство во Република Македонија е пред сe во нивна чест.

Ви благодарам на сите Вам што сте вечерва овде, длабоко чувствувајќи го историското значење на овој јубилеј!

м-р Петар Гошев
гувернер

Почетна За НБРМ Односи со јавност Говори Петар Гошев (2004-2011)
  • Гувернер
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавност
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Членови на совет на НБРМ
  • Седници на совет на НБРМ
  • Организациона шема
  • Стратегија
  • Програма за работа на НБРМ
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда на НБРМ
  • Финансиска едукација
  • Музеј на НБРМ
  • Библиотека и архив
  • Вработување во НБРМ
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА


КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НБРМ

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 
3,00%
Расположлив кредит преку ноќ
3,50%
Расположлив депозит преку ноќ

0,15%


Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски во:
Домашна валута
8,00%
Домашна валута со валутна клаузула
50,00%
Странска валута
15,00%


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо транскации


Референтна каматна стапка

3,25% 

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,15%

СКИБОР
Имот на банките и штедилниците наменет за продажба

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате некаков проблем во врска со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на следниите контакт телефони за техничка поддршка: 3108 206.

Народна банка на Република Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • веб мапа
  • веб инфо
  • ЧПП
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • ново на социјалните мрежи
  • контакт
  • имот на банките и штедилниците наменет за продажба