Кована пара за колекционерски цели: „МАЈКА ТЕРЕЗА“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Мајка Тереза
|
Име на серијата ковани пари
|
Мајка Тереза
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
28,28 г
|
Димензија, форма
|
38,61 мм, кружна форма
|
Година на издавање
|
2016
|
Цена
|
3.500,00 денари
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.