Во рамки на монетарната статистика, на квартално ниво, се објавуваат билансите и прегледите на депозитните институции (НБРМ, банки и штедилници), билансот и прегледот на останатите финансиски институции и прегледот на финансиските институции во кој се консолидираат податоците на депозитните институции со податоците на останатите финансиски институции. Посебно се прикажани билансите и прегледите на осигурителните друштва, пензиските фондови, инвестициските фондови, финансиските друштва, друштвата даватели на финансиски лизинг, друштвата за управување со инвестициските фондови и пензиските фондови. Кварталните податоци се однесуваат на состојбата на средствата и обврските на финансиските институции, поделени по финансиски инструменти, институционални сектори, валута и рочност.
_________________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на 2023 година изнесуваат 210.604 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,6% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 65,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 16,3%. Во четвртиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) бележат квартален раст од 4,6%, пред сè поради зголемените средства на пензиските фондови, а позитивни движења се остварени и кај останатите потсектори, со исклучок на осигурителните друштва кај коишто е забележан пад на средствата. Годишниот раст од 17,7% во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при позитивен, но помал придонес и на останатите потсектори. Прочитај повеќе ...
_________________________________________________________________________________
Архива на биланси и прегледи на финансиските институции - квартални податоци
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}