БИОГРАФИЈА

 

Милица Арнаудова Стојановска

 

генерален директор

 

 

 

Милица Арнаудова Стојановска има 18-годишно работно искуство. Таа во моментов е генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност. Нејзиното работно искуство е во областа на супервизијата, банкарската регулатива и финансиската стабилност. Таа започна да работи во Дирекцијата за супервизија, речиси од почетокот на нејзиното формирање. Има искуство како супервизор во теренските супервизорски контроли и како одговорен вонтеренски супервизор за портфолио на банки. Од 1998 година, работи на воспоставувањето на вонтеренската супервизија, вклучително и на системските анализи за банките. Во 1999 година беше назначена за шеф на Отсекот за методологии во рамките на Дирекцијата за супервизија, каде што директно беше вклучена во следењето на меѓународните супервизорски практики и во изработката на супервизорската регулатива. Во 2004 година, таа беше назначена за директор на Дирекцијата за банкарска регулатива и финансиска стабилност. Таа учествуваше во поставувањето на основите за анализата на финансиската стабилност. 

Во своето работно искуство, учествувала во изработката на повеќе закони од финансиската сфера.