БИОГРАФИЈА

 

Маја Кадиевска-Војновиќ

 

вицегувернерка на Народната банка на Република Македонија

 

 

 

 

Маја Кадиевска-Војновиќ ја започна својата кариера во Народната банка на Република Македонија. Во своето дванесетгодишно работно искуство, девет години беше дел од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Својата кариера ја започна како помлад истражувач, а потоа беше унапредена во советник-аналитичар, главно инволвирана во областа на монетарната, но и на фискалната политика. Учествуваше во процесот на подготовката на проекциите на БДП, инфлацијата и билансот на плаќања, активно учествуваше во креирањето на насоките за поставеноста на монетарната политика, изработката на редовните извештаи на НБРМ и во дискусиите со ММФ и агенциите за кредитниот рејтинг. Нејзината кариера е богата со разни научно-истражувачки проекти во областа на фискалната политика, макроекономските трендови поврзани со секторот „население“, инвестициската активност во РМ, анализата на надворешната позиција на економијата, надворешната солвентност и адекватноста на девизните резерви на РМ. Во моментов, ја извршува функцијата вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), одговорна за Секторот за операции на  финансиски пазари и платни системи и е извршен член на Советот на НБРМ. Исто така, таа е претседател на Комитетот за инвестирање на девизните резерви и претседател на Комитетот за управување со активата и пасивата на НБРМ. Во 2011 година, беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност и гостин-предавач по макроекономија на еден приватен факултет во Скопје. Поседува диплома МБА од Универзитетот Шефилд.