БИОГРАФИЈА

 

Јанче Лековски

 

секретар на Народната банка на Република Северна Македонија

 

 

 

Јанче Лековски  работи  во Народната банка од 1978 година. Своето 35-годишно банкарско искуство го должи на работата како заменик директор во Дирекцијата за девизни работи, директор во Дирекцијата за девизно документарна контрола, директор на Дирекцијата за девизни работи, Дирекцијата за односи со странство и  Дирекцијата за кредитни односи со странство. Од 2004 година тој е назначен како секретар на Народната банка. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1978 година.