Биографија

Проф. д-р Синиша Наумоски

Член на Советот на Народната банка

Дата на раѓање: 25.12.1982






ОБРАЗОВАНИЕ:

Од 2016 год. до денес, последокторско усовршување во престижни образовни институции од СР Германија

  • FORUM Institute for Management, Heidelberg (Germany);
  • EBS Business School & Strachey Institute for Innovation and Entrepreneurship (SIIE), Oestrich-Winke, (Germany);
  • HORVÁTH Akademie, Stuttgart (Germany) and
  • Controller Akademie, Munich (Germany).

Од 2012 година, доктор на економски науки

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на тема: „Современи концепти на ревизија на финансиски извештаи и ревизија на успешност во комерцијалното банкарство“


Од 2009 година, магистер на економски науки

На тема: „Финансиските извештаи во функција на донесување менаџерски одлуки во претпријатијата“


Од 2008 година, магистрант на медицински науки

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Менаџмент во јавното здравство – MPH, магистерка теза, област: финансии


Од 2005 година, дипломиран економист


Област: сметководство, финансии и ревизија.

Уверение за овластен сметководител


Министерството за финансии на Република Македонија број 11- 2309/2.

Сертифициран Retail trainer


Retail Banking Academy од Лондон (Велика Британија)

Сертифициран Controlling trainer


School of Controlling“  Љубљана (Словенија)

Дипломиран Controller (trainer)


Controller Akademie® “ Минхен (Р. Германија).


РАБОТНО ИСКУСТВО:



Од декември 2017 година до денес, соработник на Високообразовната научна установа – ПНУ „Institute for Business & Management HEIDELBERG“ од СР Германија.

На 13.3.2018 избран во звањето вонреден професор од страна на членовите на Деканската управа во Хајделберг (СР Германија), во состав: д-р Улрих Зеител, редовен професор, (претседател); д-р Роналд Глих, редовен професор, (член); и д-р Брижит Спилман, професор (член).



Од февруари 2014 година до денес, извршен директор и член на Академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) Скопје; и главен уредник на стручното и научно списание за финансии на македонски и албански јазик „е-Банкар“.



Од јуни 2016 година до денес, овластен предавач и партнер за Македонија, Косово, Бугарија и Албанија на германската Controller Akademie® (Минхен).



Од април 2009 година до јуни 2011 година, вработен во групацијата СЕМОС на работното место финансиски менаџер.



Од јуни 2008 година до април 2010 година, вработен во генералната дирекција на „ТТК банка“ а.д. Скопје во секторот Контролинг.



Од април 2012 година до 2014 година, консултант на сметководствената куќа GEM – accounting во Скопје.



Од јануари до мај 2008 година, вработен  во Triple S learning center во Скопје



Од 16.2.2004 година до 2.9.2007 година, вработен во сметководствено-финансиската институција „НАУМОСКИ консалтинг“, на работното место сметководител



РАБОТНО ИСКУСТВО ВО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ:



Од октомври 2008 година до денес, доцент на Високообразовната установа за бизнис-студии „Еуро колеџ“ во Куманово.



Од јули 2013 година до 2016 година, доцент на Универзитетот ФОН ‒ Р Македонија;

Од јули – август 2013 година, визитинг предавач на универзитет од Европската Унија, на покана на проф. д-р Роберт Гора, декан на Економскиот факултет при Универзитетот за "Information Technology and Management" in Rzeszow Република Полска.



Од август 2012 година до септември 2014 година, доцент на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ Р Македонија, по предметните дисциплини Сметководствена пресметка и анализа и Контрола и ревизија;