сабота, 29 април 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

 

Поздравен говор на гувернерот Димитар Богов на шестата меѓународна истражувачка конференција на тема: Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара „новата нормала“, 5-7 април 2017 година Скопје

 

Почитуван министре за финансии, екселенции,
Почитувани претставници на централните банки,
Дами и господа,

Ми претставува големо задоволство повторно да ви посакам добредојде на нашата редовна, Меѓународна истражувачка конференција, којашто традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на нашата земја. Како што веќе знаете, на 26 април оваа година, го славиме 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување и со оваа конференција ќе го одбележиме овој јубилеј со воведната панел-дискусија за политиките со учество на високи претставници. Особено сме почестени што во оваа, јубилејна година, нашата конференција ја организиравме како заеднички настан со Лондонската школа за економија ‒ истражување на Југоисточна Европа, за што верувам дека ќе придонесе за проширување на прашањата за дискусија коишто се однесуваат на регионот и пошироко. Во контекст на темата на оваа конференција и на нашиот јубилеј, би сакал накусо да споменам некои важни прашања коишто верувам дека подетално ќе се разразботат во текот на Панел-дискусијата за политиките и во наредните два дена.

За некои насловот на овогодишната конференција многу јасно го опишува сегашното глобално макроекономско опкружување. Централните банки сѐ уште работат во услови на продолжена глобална неизвесност, во обид да ја дефинираат и да се движат кон „новата нормала“, притоа признавајќи ги и спроведувајќи ги најновите лекции од глобалната криза. Во овој кризен период, поминавме низ релативно долг процес на корекција на недостатоците од минатото, учејќи нови искуства и зајакнувајќи ги капацитетите за подобро справување со идните предизвици. Иако глобалната економија постепено заздравува, неизвесноста сѐ уште постои, но е од поинаква природа. Сега, вниманието на светот е насочено кон сѐ поголемата веројатност за влез во нова ера на протекционизам, кон влијанието од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија и сѐ поголемиот скептицизам во ЕУ, како и кон сѐ уште присутните геополитички ризици. Општата економска дебата се однесува на влијанието на овие ризици врз глобалното економско заздравување и што се однесува до првото прашање, се дебатира пред сѐ против трговските бариери во светот. Проширувањето на светската трговија значително придонесе за глобалниот економски раст пред глобалната криза. Во исто време, принципот на слободно движење на луѓе, стоки и услуги, капитал и плаќања е еден од главните столбови на ЕУ и засега, придонесува за зајакнување на економијата на ЕУ. Што се однесува до ЕУ, се чини дека таа се наоѓа во специфична фаза на „пресоздавање“. Во принцип, без да навлегуваме во детали, светот очигледно се наоѓа на крстопат ‒ фаза во која посилната и внатрешната консолидација и меѓународна соработка се повеќе од потребни.

Што се однесува до поставеноста на политиките, ниската инфлација заради ниските цени на основните производи и придружниот циклус на олеснување на монетарната политика во развиените економии заврши или се приближува кон крајот. Додека американската економија се чини дека се приближува кон својата „нова нормала“, за економијата на ЕУ тоа веројатно ќе се случи малку подоцна. Ова би значело враќање кон нормализација на монетарната политика и нагорна промена на кривите на принос. Иако ситуацијата може да се разликува од земја до земја, ова сепак значи дека светската економија функционирала во услови на ниски каматни стапки во релативно долг временски период којшто е веќе поминат или речиси поминува. Иако монетарната политика го поддржа економското закрепнување во многу специфични околности, сепак одржливиот економски раст мора да се заснова на длабоки структурни реформи. Затоа, носителите на политики треба да бидат храбри во спроведувањето на реформите насочени кон флексибилни пазари на работна сила, поголема продуктивност, посилна конкуренција и иновации. Ова ќе биде задача не само за економиите во развој, туку и за развиените економии, но на различна почетна позиција. „Алармот е вклучен“ и за фискалната политика, којашто во многу земји стана доста комфорна во услови на ниски каматни стапки. Исто така, таа ќе треба да се подготви за затегнување на финансиските услови, со што фискалната консолидација ќе прерасне во поголем предизвик.

Во финансискиот систем, регулаторните тела ширум светот се соочуваат со предизвици коишто произлегуваат од новите капитални барања согласно со Базел III, коишто, пак, придонесуваат за зачувување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот систем, не само во нормални времиња, туку и во време на стрес. Во Македонија, само што го донесовме овој нов пакет одредби и сега очекуваме негово непречено спроведување, имајќи ја предвид веќе силната позиција на капиталот на банкарскиот систем. Во ерата на глобализацијата и на дигиталните технологии коишто навлегуваат во областа на финансиските услуги, регулаторните тела се соочуваат со сѐ поголеми предизвици. Една од лекциите на последната глобална криза е дека развојот на финансискиот систем мора да оди рака под рака со воспоставувањето соодветни механизми за намалување на ризикот и управување со кризите.

Таквите динамични и комплексни околности претставуваат уште поголем предизвик за растечките економии коишто се во процес на структурни реформи, што се клучен предуслов за побрзо приближување кон повисоки нивоа на приходи. Сега, кога прославуваме 25 години од монетарното осамостојување на Македонија, можеме да кажеме дека сме биле сведоци на разни ситуации, сме се справиле со неколку шокови ‒ внатрешни и надворешни, сме научиле многу ‒ од другите и од себеси, сме постигнале многу цели и на крајот, сфативме дека треба да работиме уште понапорно за да можеме во иднина да постигнеме уште поголеми резултати. Исто така, би сакал накусо да споменам дека на почетокот на транзицијата се соочивме со хиперинфлација, ниско ниво на девизни резерви, макроекономски нерамнотежи, потреба од преструктурирање на банките и компаниите и покрај сето ова, еднострано ембарго наметнато од една соседна земја. Со гордост можеме да кажеме дека во последните дваесет години, успеавме да ја задржиме стабилноста на цените со импресивна просечна инфлација од 2% и стабилниот девизен курс, како и стабилноста на банкарскиот систем, којшто преживеал многу „вистински стрес-тестови“. Додека се обидувавме да ја заштитиме економијата во фазата на голем раст пред глобалната криза, доживеавме спротивна ситуација ‒ обезбедивме монетарен стимул за економско заздравување по ударот на светската криза, со користење конвенционални и неконвенционални мерки. Веруваме дека монетарната политика била и ќе биде стабилна компонента на макроекономската политика во земјата, што ќе придонесе за одржување на целокупната макроекономска стабилност. Се покажа дека ваквото опкружување обезбедува поддршка за спроведување на структурните реформи, коишто во последните години дадоа видливи резултати преку промената на економската структура кон производство и извоз на производи со повисока додадена вредност, како и постојаното намалување на стапката на невработеност, дури и за време на глобалната криза. Исклучително е важно да се спомене дека сите овие години, Народната банка на Република Македонија беше постојано насочена кон зајакнување на институционалниот капацитет во сите области од своето работење, како главен предуслов за извршување нови и различни задачи коишто произлегуваат од наведеното глобално опкружување.

Процесот на транзиција претставување процес на учење на пазарните принципи и нивно истовремено спроведување во практиката. Верувам дека сите земји што поминуваа низ овој процес имаат доживеано успешни и помалку успешни, задоволителни, незадоволителни реформи и реформи коишто сѐ уште траат. Многу години по почетокот на транзицијата, корисно е да погледнеме назад и да го увидиме целокупниот напредок, да ги одделиме областите каде што транзицијата е завршена или речиси завршена и другите, каде што транзицијата заостанува. Треба да се соочиме со нашата сегашна позиција и да ги забрзаме реформите во иднина.

Очигледно, постојат многу различни прашања поврзани со процесот на транзиција, особено во услови на менување на глобалната економија. Сепак, не би должел повеќе и би отстапил простор за Панел-дискусијата за политиките.

Ми претставува голема чест што денес имаме истакнати предавачи коишто ќе нѐ воведат во темата на сесијата посветена на процесот на транзиција на регионот – тоа е г. Пол Томсен, директор на Одделот за Европа на ММФ и првиот шеф на мисијата за Македонија во 1993 година, кој ни даде огромна поддршка во справувањето со различни шокови со кои се соочуваше нашата економија на почетокот на транзицијата. Другите учесници на Панел-дискусијата се: г. Питер Санфеј, заменик-директор за економија, политика и управување при Европската банка за обнова и развој, кој е особено вклучен во активностите на ЕБОР во регионот и професорот Василис Монастириотис од Лондонската школа за економија ‒ истражување на Југоисточна Европа. (И јас ќе им се придружам во дискусијата). Претседавач со Панел-дискусијата ќе биде г. Глигор Бишев, поранешен заменик-гувернер на НБРМ и еден од главните колеги на г. Томсен во 1993 година.

Исто така, ми претставува големо задоволство што нашиот министер за финансии, Кирил Миноски, е денес со нас. Најнапред ќе го поканам министерот за финансии да дојде на бината и да одржи поздравен говор по повод 25-годишнината, а потоа и г. Томсен со своето воведно предавање. Во исто време, дозволете ми да ја изразиме нашата огромна благодарност за нивното присуство денес.
На крајот, дозволете ми да ви посакам плодна и интересна дискусија за време на Конференцијата и пријатен престој во Скопје.

Ви благодарам!

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 % 1,00 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,48 %
3 месеци 1,74 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,21 %
12 месеци 2,42 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%