НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА НИВ

Прашање:
Дали може да се купат банкноти и монети од македонски денари за нумизматички цели?
Одговор: 
Согласно со Одлуката за единствената тарифа на надоместоците на услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 218/16), книжните пари за нумизматички потреби се продаваат со провизија од 10% од номиналната вредност на продадените пари, а кованите пари за нумизматички потреби се продаваат со провизија од 1 денар по парче.
Лица за контакт:
Мишо Груевски, тел. 3 108 475, е-пошта: GruevskiM@nbrm.mk
Борче Василевски, тел. 3 108 403, е-пошта VasilevskiB@nbrm.mk

Прашање:
Каде и како може да се заменат оштетени банкноти и монети од македонскиот денар?
Одговор: 
Замената на оштетени македонски банкноти и монети се врши во деловните банки согласно со Одлука за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале несоодветни за оптек. Оваа одлука е објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.112/15.

Прашање:
Дали и како може да се организира посета на Музејот на пари во НБРМ?
Одговор: 
Музејот на пари на Народната банка на Република Македонија е лоциран во приземјето на централната зграда на Народната банка. Тој е отворен за јавноста секој работен ден од вторник до петок, во периодот помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е бесплатен. 
За повеќе информации видете на: http://www.nbrm.mk/?ItemID=8B62BE8B1342BA49B780D71C5AA36ABB