среда, 24 мај 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Банкарска супервизија и регулативаЗаконска регулативаЗаштитни слоеви на капиталот

Заштитни слоеви на капиталот

 

Согласно со измените на Законот за банките од октомври 2016 година, покрај законските барања за висината на адекватноста на капиталот, утврдени врз основа на регулативата на Народната банка или врз основа на корективна мерка изречена од Народната банка, банките се должни да одржуваат и соодветен износ на капитал за покривање на т.н. заштитни слоеви на капиталот. Станува збор за четири вида заштитни слоеви на капиталот:

1)    заштитен слој за зачувување на капиталот утврден на ниво од 2,5% од активата пондерирана според ризиците;

2)    противцикличен заштитен слој на капиталот кој може да изнесува до 2,5% од активата пондерирана според ризиците, но и повеќе во зависност од други системски фактори/индикатори и има за цел ограничување на ризиците поврзани со кредитниот раст. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот може да биде различна за изложеностите во Република Македонија и за изложеностите во друга земја. Народната банка е надлежна за утврдување на висината на двата вида стапки, при што стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Македонија се утврдува врз основа на методологија пропишана од Народната банка;

3)    заштитен слој на капиталот за системски значајни банки кој може да се движи од 1% до 3,5% од активата пондерирана според ризиците и којшто треба да го издвојуваат банките коишто врз основа на пропишаната методологија на Народната банка,  ќе бидат идентификувани како системски значајни банки; и

4)    системски заштитен слој на капиталот којшто може да се движи од 1% до 3% од активата пондерирана според ризиците и се воведува од страна на гувернерот на Народната банка заради ограничување на ризикот од нарушување на финансискиот систем или на домашната економија. Овој заштитен слој на капиталот може да биде различен за различни банки или групи банки.

 

Основната причина за постоењето на заштитните слоеви на капиталот е да се овозможи зајакнување на солвентната позиција на банките и нивна поголема отпорност на непредвидени загуби во работењето. На тој начин се зајакнува и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, но и на целокупниот финансиски систем.

 

Начинот на утврдување на одделните заштитни слоеви на капиталот е усогласен со барањата на т.н. Базел 3 и соодветната Европска директива. Пропишаните заштитни слоеви на капиталот можат да се исполнуваат само со позиции од редовниот основен капитал коишто не се користат за покривање на законските барања за висината на адекватноста на капиталот, утврдени врз основа на регулативата на Народната банка или врз основа на корективна мерка изречена од Народната банка (т.н. вишок на редовен основен капитал). Банката којашто нема доволен износ на редовен основен капитал за покривање на вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот (односот помеѓу вишокот на редовниот основен капитал и вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот е помал од 100%), е ограничена во однос на максималниот износ на распределба на резултатот од работењето (добивката), и тоа:

-        не смее да изврши распределба на резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е помал или еднаков на 25% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;

-        може да распредели 20% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 25%, но помал или еднаков на 50% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;

-        може да распредели 40% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 50%, но помал или еднаков на 75% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;

-        може да распредели 60% од резултатот од работењето, доколку вишокот на редовниот основен капитал е поголем од 75%, но помал од 100% од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот;

-        нема ограничување на распределбата, доколку вишокот на редовниот основен капитал е еднаков или поголем од вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот.

 

Ова ограничување се применува сѐ додека банката не го покрие вкупниот износ на заштитни слоеви на капиталот со вишокот редовен основен капитал (т.е.редовниот основен капитал кој останал по исполнувањето на пропишаната стапка на адекватноста на капиталот).

 

Начинот на утврдување на максималниот износ на распределба на резултатот од работењето, како и начинот и роковите на известување на Народната банка за висината на овој износ се пропишани во Одлуката за методологијата за утврдување на максималниот износ за распределба на резултатот од работењето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17) и Упатството за спроведување на Одлуката за методологијата за утврдување на максималниот износ за распределба на резултатот од работењето („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/17).

 

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 % 1,00 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,49 %
3 месеци 1,74 %
6 месеци 2,02 %
9 месеци 2,24 %
12 месеци 2,43 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%