ДИМИТАР БОГОВ

Гувернер на Народна банка на Република Македонија


БИОГРАФИЈА

Димитар Богов е гувернер на Народната банка на Република Македонија од 2011 година. Тој има 23-годишно работно искуство од кое девет години на раководни позиции во јавниот сектор, една година во областа на деловните консултантски услуги и четири години на висока раководна функција во најголемата македонска банка.

Тој работел како раководител во Државниот завод за статистика и во Министерството за финансии, каде што бил одговорен за изготвување макроекономски статистики, економска анализа, макроекономско планирање, предлози за економската политика и бил вклучен во преговорите со ММФ. Од 2002 година до јануари 2007 година, тој работел како главен економист во „Стопанска банка“ АД Скопје, членка на групацијата НБГ, каде што бил одговорен за изготвување економска и пазарна анализа, деловно планирање, управувачко сметководство и управување со ризиците. Од февруари 2007 година до мај 2011 година, тој ја извршувал функцијата на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за финансиските пазари, управувањето со девизните резерви и платните системи. Тој е член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2.