понеделник, 16 јануари 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ за 2017 година
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Нумизматика
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Скопје, 22.12.2016 година

Соопштение на НБРМ

Под мотото „Запознајте ја централната банка“ во текот на 2016 година Народната банка на Република Македонија преку низа активности го одбележа значајниот јубилеј - 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија.

Централно место во овие активности имаше финансиската едукација на населението, како една од значајните функции на современите централни банки. Во овој контекст, во текот на годината беше спроведена обемната Програма за финансиска едукација на децата од основните училишта во Република Македонија. Со Програмата беа опфатени вкупно 4.331 ученик, придружувани од вкупно 358 наставници од 87 основни училишта од целата територија на Република Македонија. Програмата се состоеше од два дела. Првиот дел вклучуваше еднодневни посети на основците на Музејот на Народната банка и ковачницата на пари, а учениците преку интерактивна презентација имаа можност да се запознаат и со основните функции на Народната банка. Во рамки на овој дел од Програмата, во текот на 2016 година Народната банка ја посетија вкупно 3.831 основец од 77 училишта, од кои 38 училишта беа од внатрешноста на државата. За дел од основните училишта од најоддалечените и слабо населени средини, посетата ја обезбеди и ја организира Народната банка, така што вкупно 806 ученици од овие средини добија можност да ја посетат Народната банка. Вториот дел од Програмата вклучуваше организиран Караван од Народната банка, во чиишто рамки беа посетени вкупно 10 основни училишта од 10 различни општини од целата територија на Република Македонија, а преку нив, вкупно 500 ученици ја имаа можноста да се запознаат со основните функции на Народната банка.

Како дел од активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи и промовираше два филма: 1) „Народна банка ‒ 70 години во служба на македонското општество: информативно-документарен филм“ посветен на историјата на Народната банка и 2) „Запознајте ја централната банка: информативно-едукативен филм“, којшто на едноставен и лесно разбирлив јазик ги обработува најважните аспекти поврзани со целите и функциите на централната банка.
Во делот на професионалната едукација, во текот на 2016 година во духот на јубилејот се организираа: Петтата меѓународна истражувачка конференција, Деветтата меѓународна конференција за платните системи и Вториот меѓународен ИТ-форум, коишто придонесоа за размена на искуства и унапредување на знаењата помеѓу домашната и странската стручна јавност.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот се изработија две збирки на научно-истражувачки трудови: 1) Библиографија за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 – 2016 година и 2) Научната мисла во НБРМ: 1992 – 2015, со што се обезбеди систематизирано зачувување на овие трудови, кое треба да придонесе за натамошен развој на банкарството и економијата, воопшто, во Република Македонија.

Седумдесетгодишниот јубилеј беше одбележан и со спортска манифестација –  хуманитарна трка, којашто ја организираше Синдикалната организација при НБРМ, со поддршка на Народната банка. Синдикалната организација при НБРМ ги донираше собраните парични средства од спортскиот настан во Сојузот на дефектолози на Република Македонија наменети за Центарот за сензорна терапија кај деца со аутизам и АДХД.

Програмата на активности беше заокружена со одржувањето на централната манифестација за свечено одбележување на јубилејот, на 19 октомври 2016 година, на која Народната банка беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија од страна на Неговата екселенција, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Одликувањето на Народната банка со Орден за заслуги за Македонија е по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.

Веруваме дека со оваа програма на настани и активности придонесовме за достоинствено и успешно одбележување на големиот јубилеј и ја остваривме крајната цел – ширење на финансиската едукација и подигање на нивото на свесност на граѓаните за значењето и улогата на Народната банка во македонското општество.

Кабинет на гувернерот

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,50%
Расположлив кредит преку ноќ 4,00%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 1,00 %
1 недела 1,30 %
1 месец 1,67 %
3 месеци 1,98 %
6 месеци 2,32 %
9 месеци 2,61 %
12 месеци 2,88 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%