четврток, 25 мај 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Односи со јавностТрудови
 

Автор: д-р Љубе Трпески

Зошто странскиот капитал (не) влегува во Македонија, 30.10.2000 година

Увод

Светот е поделен, од поодамна, на два дела: мал број богати земји и голем број сиромашни земји. Јазот што постои меѓу овие две групи, како времето поминува, се продлабочува наместо да се намалува, и покрај сите иницијативи, резолуции и слични активности преку меѓународните организации, за намалување на тој јаз.

Причината за тоа е што повеќе капитал се одлева од неразвиените во развиените, отколку што доаѓа во спротивна насока. Мал број на земји во развој успеале да создадат клима за позначаен прилив на капитал од развиените земји во разни форми. Во 70-тите и 80-тите години тоа беа далекуисточните тигри, а денес, во Европа, од постсоцијалистичките земји, тоа се Полска, Чешка и Унгарија. Од земјите на поранешна Југославија во таа група е и Словенија.

Кои фактори влијаат еден инвеститор да донесе одлука својот капитал да го вложи надвор од својата земја?

Секако главен мотив е профитот. Капиталот се сели од место во место, или од гранка во гранка за остварување на поголем профит. Но покрај висината на профитот постојат и други фактори кои влијаат при донесувањето на одлуката за селење на капиталот од една земја во друга.

Јас ќе се обидам да набројам некои од нив и притоа да дадам едно видување како секој од тие фактори влијае на (не)вложувањето на странски капитал во Република Македонија.

Фактори за (не) вложување на странски капитал во една земја

1.       Политичка стабилност

Политичката стабилност на земјата има огромно влијание, при одлучувањето на еден странски инвеститор за инвестирање во неа.

Овој фактор во годините после осамостојувањето на Република Македонија, имаше доминантно влијание во одвратувањето на потенцијалните странски инвеститори да се одлучат да инвестираат во Македонија. Неколкуте војни што се водеа на просторот на поранешна Југославија, имаат и ќе имаат пресудно влијание низ една подолга временска перспектива за регионот во кој што се наоѓа нашата земја, како за подрачје со висок политички ризик.

Исто така и внатрешните тензии што повремено избиваат на површина, поготово на релација меѓу македонскиот народ и албанското етничко малцинство, се фактор што носи негативни бодови на ранг листите што меѓународните рејтинг организации ги прават за степенот на ризичност за инвестирање. Потенцијалните инвеститори, порадо се одлучуваат да инвестираат во земји во кои е помала веројатноста за меѓуетнички конфликти.

Само бегол поглед по податоците за странски инвестиции во земјите во транзиција во последните десетина години ќе ни ја потврди горната констатација: Полска, Чешка, Унгарија и Словенија спаѓаат меѓу земјите со најхомогени општества од етнички аспект, односно со релативно мал процент на малцинства во структурата на вкупното население, и со висок степен на интегрираност на малцинствата во општеството од една страна, и со највисок прилив на странски капитал од друга страна.

Се разбира тоа е само еден од факторите што придонел гореспоменатите земји да предничат во приливот на странски инвестиции во споредба со другите земји во транзиција.

Република Македонија како една од помалите земји во регионот (или поточно речено, најмала) малку можеше да влијае да го поправа имиџот на Балканот како регион со висок (ако не и највисок) политички ризик. Иако со својата политика успеа да ја избегне војната што беснееше во поранешна Југославија, и одржува какви такви релативно стабилни меѓуетнички односи, сепак, како балканска земја ја дели судбината на земјите со висок политички ризик за инвестирање, кој ги обесхрабрува странските инвеститори.

2.      Макроекономска стабилност

Инвеститорите преферираат земји кои имаат воспоставено долгорочна макроекономска стабилност. Доказ за тоа ни се американските инвеститори, кои во изминатите триесетина години порадо се одлучуваа да инвестираат во далечноисточните азиски земји, каде што постоеше макроекономска стабилност, отколку да инвестираат, што се вели, во "својот двор", во земјите на Јужна Америка, кои пак се одликуваа со макроекономска нестабилност често пропратена со хипер инфлации. Се разбира, не е само овој фактор што ги одвраќаше американските инвеститори да инвестираат во земјите на Јужна и Латинска Америка, еднакво важни беа и нестабилните политички режими пропратени често со војни, во одреден број земји од овој регион.

Во поглед на овој фактор, можеме да се пофалиме дека имаме постигнато макроекономска стабилност како ретко која земја, меѓу земјите во транзиција.

Инфлацијата, која веќе неколку години е во рамките на просечната инфлација на земјите од Европската Унија и стабилниот девизен курс придонесоа да бидеме во врвот на земјите со постигнатата макроекономска стабилност. Доколку и во наредните години ја задржиме макроекономската стабилност (во што не се сомневам) тоа ќе биде еден од значајните фактори за привлекување странски капитал.

3.      Јасна законска регулатива

Ова е еден од најважните фактори кои придонесуваат за помалиот или поголемиот прилив на странски инвестиции во една земја. Притоа, треба веднаш да се каже дека, странските инвеститори по правило не бараат да бидат привилигирани во споредба со домашните инвеститори, туку бараат да не бидат дискриминирани односно законите да важат подеднакво и за нив како и за домашните инвеститори.

На овој план не можеме да се пофалиме дека имаме законска регулатива која ќе ги привлекува странските инвеститори да се одлучат да речеме, заради тој фактор да инвестираат во нашата земја. Напротив, нејасната законска регулатива, недоизградената законска регулатива, често противречната законска регулатива во нашата земја ги одвраќа потенцијалните странски инвеститори. Мала утеха е, што имаме веројатно најниска даночна стапка на добивка, што може инвеститорот добивката слободно да ја трансферира во својата земја, (Република Македонија го има прифатено членот ВИИИ од Статутот на ММФ, според кој се обврзува за слободен трансфер на добивката на странскиот инвеститор врз основа на вложен капитал) ако тој уште на самиот почеток се судри со шума од прописи често противречни, ако изгуби месеци талкајќи од министерство до министерство по разни дозволи, ако службениците на прашањата што најчесто ги поставуваат одговараат со собирање на рамениците, ако притоа се принудени и да мораат да подмитуваат за добивање на најобично решение, тој потенцијален инвеститор, набрзо ќе ја промени одлуката и ќе отиде да инвестира во земја каде процедурата за добивање дозволи е поедноставна, и брза, каде не се менуваат прописите преку ноќ и сл.

На овој план треба уште многу да се работи ако сакаме да бидеме конкурентни на останатите земји во транзиција. Она што загрижува е тоа што ова сите го констатираме веќе десетина години а сосема малку имаме направено да се поправи ситуацијата.

4.      Цената на работната сила

Цената на работната сила е исто така, многу важен фактор кој што влијае при одлучувањето на странските инвеститори, во која земја ќе решат да го инвестираат својот капитал. Цената на работната сила беше доминантниот фактор што САД речиси целата своја текстилна индустрија ја пресели во земјите од Далечниот исток.

Во тој поглед, во многу трудоинтензивни гранки, ние располагаме со релативно ефтина и квалификувана работна сила. Лон работите, во текстилната индустрија (и во некои други гранки) каде што доаѓа до израз овој фактор (евтина и квалификувана работна сила) во сите години после осамостојувањето, спаѓаат меѓу најзначајните фактори кои ја одредуваат и големината на извозот и видот на извозот. И во наредните години, како што ќе се стабилизираат приликите на Балканот, се очекуваат поинтензивни странски вложувања во трудоинтензивните гранки.

Притоа, треба да се напомене дека како голема конкуренција се јавуваат некои соседни земји како што се СР Југославија и Бугарија, кои во истите гранки (текстилна, кожарска индустрија и сл.) располагаат со исто така квалификувана, но поевтина од нашата, работна сила. Таа конкуренција посебно ќе дојде до израз после симнувањето на санкциите спрема нашиот северен сосед. Затоа интенцијата на Владата на Република Македонија за намалување на стапките на некои даноци врзани со платите е за поздравување и доколку се реализира имаме можност да ја задржиме конкурентноста во извозот по оваа основа.

Има една друга област која и денес а уште повеќе во иднина ќе претставува значаен фактор за привлекување на странски инвестиции. Тоа е релативно големиот број високостручни ХИ-ТЕЦХ кадри.

Се почеста е праксата странски компании да отвараат свои деловни единици во нашата земја, каде вработуваат млади инженери-информатичари кои ги плаќаат за наши услови релативно добро, а во споредба со истите кадри во нивните земји 4-5 пати поевтино, а кои што прават компјутерски програми, односно извршуваат работи со ист квалитет и со иста продуктивност и ефикасност како и соодветните кадри во високо развиените земји.

Тоа ќе помогне, во иднина, релативно големиот број млад високостручен кадар, наместо да работи како такси возачи или продавачи или да бараат визи за Нов Зеланд, да "се најдат себе си" тука, дома, што ќе биде од обострана корист и за нив и за земјата.

5.      Големината на пазарот

Странскиот капитал преферира земји со поголем пазар. Од таму произлегува големата заинтересираност на западните инвеститори да вложуваат во земји како што се Русија, Украина, Полска, Романија и сл.

Република Македонија и во апсолутна и во релативна смисла е мал пазар и тоа претставува фактор кој ги одвратува странските инвеститори. Затоа, политиката што ја води веќе подолго време Република Македонија за склучување договори за слободна трговија со соседните земји и другите земји од регионот, па и пошироко, може да придонесе, овој наш хендикеп на мал пазар ако не да го надминеме, тогаш да го ублажиме.

Со заклучувањето на договори за слободна трговија, не може целосно да се надмине проблемот на мал пазар заради познатата клаузула за потеклото на производот што се извезува, која скоро секоја земја ја бара во меѓудржавните трговски аранжмани.

Но, во секој случај, со ваквата политика, значително се ублажува проблемот на малиот македонски пазар.

6.      Приватизацијата на државниот односно општествениот капитал

Трансформацијата на државниот односно општествениот капитал во приватен е еден од каналите за привлекување на странски капитал во транзиционите економии.

Во основа постојат два главни методи преку кои се трансформираше државата (општествената) во приватна сопственост:

масовна (ваучер) приватизација,
индивидуална (цасе бѕ цасе) приватизација.
Поранешните земји од државниот, централноплански социјализам главно го одбраа методот на ваучер приватизација. Република Македонија го одбра вториот метод-индивидуална, односно случај по случај приватизација. И едниот и другиот метод имаат и маани и предности. Нема совршен метод на приватизација.

Специфично во приватизацијата на стопанството од Република Македонија е што пред да се донесе законот за приватизацијата, веќе еден добар дел од стопанството беше приватизиран по т.н. закон на Марковиќ, закон според кој работниците што работеа во претпријатијата, речиси бесплатно, постанаа акционери. Тоа беше основната причина зошто после донесувањето на законот за приватизација, најчесто практикуван модел на приватизација беше-откуп на капиталот од страна на вработените.

Тоа во пракса значеше на некој начин-продолжување на самоуправувањето. Слично беше, односно сеуште е, и со вториот по ред практикуван модел-откуп на претпријатијата од страна на менаџерските екипи. Бидејќи тоа беа речиси во сите случаи постојните екипи од периодот на самоуправувањето, тие работеа и сеуште работат да го декуражираат приливот на странскиот капитал заради задржување на својата позиција, плашејќи се дека новите инвеститори ќе донесат и нови менаџерски екипи. Така да, ако може да се даде една општа карактеристика за изминатите десетина години, е, затвореноста на нашите претпријатија за странскиот капитал.

Во кои претпријатија се случи, сепак да влезе странски капитал. Странски капитал најпрво влезе во најатрактивните претпријатија, кои претходно беа целосно приватизирани по еден од споменатите модели, а потоа новите газди не можеа да одолеат на цената што им се понуди од странските инвеститори за релативно евтино купените акции.

Втората група претпријатија каде се очекува прилив на странски капитал се т.н. загубари. Тоа се главно големи претпријатија во кои е започната приватизација но заради финансиските состојби прекината и главно државата е доминантен сопственик во нив. Доста успешен модел на приватизирање од овој тип на претпријатија, со прилив на странски капитал е Железарницата. Ако се има во предвид дека Светската банка предлагаше, па дури и инсистираше, "Железара" да оди во стечај и да се продава како старо железо, она што се постигна, таа да се продаде по релативно добра цена, и денес, таа рентабилно добро да работи, е пример, што треба да се следи.

7.      Заклучување на аранжмани со ММФ и Светската банка

За земја во развој, за мала земја, за земја која што се наоѓа во еден турбулентен регион, еден од начините за привлекување на странски капитал е заклучување и реализирање на аранжмани пред се со ММФ. Заклучените аранжмани со ММФ им влеваат доверба на странските инвеститори дека во земјата во која сакаат да инвестираат ќе води конзистентна макроекономска политика, односно имаат поголема сигурност за својот инвестиран капитал. Емпириските истражувања покажале дека на секој долар добиен од ММФ доаѓаат 3-4 долари прилив на странски инвестиции. Република Македонија спаѓа во групата на земји во транзиција кои имаат заклучено и реализирано најмногу аранжмани со ММФ и Светската банка. Таа успешна соработка со ММФ и Светската банка и дисциплинираното имплементирање на договорената економска политика доведе до макроекономска стабилност по која исто така сме на врвот меѓу земјите во транзиција.

Новиот тригодишен аранжман со ММФ, неговата успешна реализација се очекува да охрабри нови странски инвеститори во македонската економија.

Наместо заклучок:

Од анализираните фактори кои влијат врз одлуките на инвеститорите да (не) инвестираат, може да се види дека на некои, како што е на пример, големината на пазарот, не може или може многу малку да се влијае. Меѓутоа, на поголемиот број фактори може да се влијае, и потребно е да се изгради стратегија за привлекување на странски капитал. Притоа, предност треба да се дава на директните инвестиции и Јоинт-вентуре аранжмани. Со кредитното задолжување, иако не сме го достигнале плафонот, и влегуваме во групата умерено задолжени земји, треба да се биде претпазлив, да не се повторат грешките од минатото, да се пласираат кредитите во проекти што немаат економска оправданост. Има индиции и денес, во желбата да се искористат некои кредитни линии во што пократко време, да се провлечат и некои пласмани кои набрзо супервизијата ги рангира во категоријата проблематични. А тоа значи, со оглед на гаранцијата од државата, утре, тие кредити, наместо крајниот корисник, да ги враќа државата.

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 % 1,00 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,48 %
3 месеци 1,74 %
6 месеци 2,02 %
9 месеци 2,24 %
12 месеци 2,43 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%