Второто издание на книжните пари коишто се употребуваат денес, за првпат е пуштенo во оптек на 8 септември 1996 година. Со ова издание во оптек се пуштени книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари. Изгледот на македонските книжни пари, кој го отсликува богатото културно наследство на Република Македонија, е осмислен од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалната верзија е изработена во печатницата „Де ла ру“, Велика Британија.

Дизајнот на книжните пари во апоени од 500 и 1000 денари е надграден со вградување на дополнителни заштитни елементи со изданието од 2003 година.

Од 15 декември 2016 година, апоенската структура на книжните пари во оптек е збогатена со воведување два нови апоена - 200 и 2000 денари. Творец на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на овие книжни пари е графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.

На 15 мај 2018 година се пуштени во оптек првите полимерни пари на Република Македонија, во апоенска вредност од 10 и 50 денари.  

Книжни пари изработени од полимер

  • 50 денари 2018 година
  • 10 денари 2018 година


  • 2000 денари - издание 2016 година
  • 1000 денари - издание 1996 и 2003 година
  • 500 денари  - издание 1996 и 2003 година
  • 200 денари - издание 2016 година
  • 100 денари  - издание 1996 година
  • 50 денари  - издание 1996 
  • 10 денари  - издание 1996