четврток, 25 мај 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Односи со јавностТрудови
 

Автор: д-р Љубе Трпески

Промоција на јубилејни монети по повод 100 години Илинден, 30.07.2003 година


(реферат)

Почитуван господине Претседател на Република Македонија,

Ваши екселенции, Дами и господа,

Дозволете ми да Ве поздравам во името на раководството на НБРМ и во името на сите вработени, и да Ви посакам добредојде во Нумизматичкиот музеј на Народната банка. Овде во оваа просторија можете да се уверите колку ни се длабоки корените и колку е цврсто стеблото на нашата држава.

Историјата на парите во светски размери почнува од овие простори, на поширокиот потег од Македонија до Мала Азија. Овде ќе можете да ги видите парите на македонските антички кралеви, од кои, за квалитетот на статерот би можеле да му позавидат и некои денешни ковници.

Овде можете да ги видите и парите на македонските средновековни кралеви Волкашин и неговиот син Марко. Исто така можете да видите монети од една од најголемите провинцијални ковници во Римската империја - Стоби, и да видите богата колекција на римски денари според кои го доби името и нашата денешна валута.

2003 година е година на славење на нашата столетна државност. Има сознанија дека Гоце Делчев правел обиди македонската револуционерна организација да издаде сопствени пари. Тоа го потврдува пронајдената преса за изработка на пари во Штип. Првобитната идеја била да се направи упад во монетарниот систем на Отоманската империја и на тој начин да се обезбедат пари за купување оружје. Ќе се сложите дека и тоа е легитимен начин во борбата за слобода. Благодарение на разбирањето на раководството на Музејот на Македонија, таа преса можете да ја видите и Вие денес. Среќен сум што таа преса е во Македонија и што не ја доживеала судбината на црешовото топче, и да бидам до крај искрен и по малку љубоморен, што таа не се наоѓа во овој музеј постојано. Се надевам дека Музејот на Македонија ќе ни дозволи да направиме барем копија од оваа преса.

За време на Илинденското востание бил распишан доброволен заем од страна на привремената влада. Зачуваните документи имаат голема историска вредност. На расписката на обврзницата пишува: "сумата ќе биде вратена по ослободување од страна на признателната татковина".

Ќе споменам уште еден документ. Тоа е Уставот изработен од Извршниот комитет на Македонската лига, веднаш по Берлинскиот конгрес. Во чл. 69 од тој Устав пишува: "за регулирање на паричните трансакции, во Солун се основа Народна банка како државна институција, без право на акционерство, која има свои филијали по окружните центри на државата".

 

Дами и господа,

 

Сонот на македонските револуционери да имаат држава со свои пари и своја централна банка го реализиравме ние, денешните генерации, на 26.04.1992 година. Денес тој сон, нивен и наш, го позлатуваме.

Ликовите на оние кои застанаа на чело на македонскиот народ во борбата за македонската држава, меѓудругото борејќи се и за сопствени пари, денес ги красат овие златници кои ги исковавме во нивна чест.

Денес промовираме 6 од серијата 11 јубилејни златници. На нив се ликовите на македонските великани од илинденскиот период: Гоце Делчев, Никола Карев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Денес го промовираме и досега најголемиот златник искован во Република Македонија со тежина од 18 гр. и пречник од 32 мм. На аверсот се наоѓа легендарното црешево топче кое деновиве можеме и да го видиме, после 100 години, во Македонија. На реверсот е споменикот “Македониум”. Неговата идентична сребрена варијанта е со тежина од 16 гр. и пречник од, исто така, 32мм.

Втората серија јубилејни златници ќе биде промовирана на 11 октомври оваа година, во чест на придобивките од вториот меѓник од нашата столетна државност - Асномска Македонија. Тогаш ќе бидат промовирани златниците на кои ќе бидат ликовите на Методија Андонов Ченто, Михајло Апостолски и Блаже Конески.

Во оваа пригода ќе се промовира и златникот посветен на големиот илинденски син - војводата Ѓорче Петров. Тој ќе биде нишката што симболично ќе ги поврзува Илинденското востание од 1903 со НОБ 1941-1945 година.

Последниот во јубилејната серија златници ќе биде со ликот на Крсте Петков Мисирков и ќе биде промовиран на денот на одбележувањето на неговиот историски и капитален труд - "За македонцките работи".

Веројатно некој ќе се праша: А каде е третиот меѓник 91 година и референдумското изјаснување на Македонскиот народ за самостојна и суверена Република Македонија? И тој светол датум не е заборавен од Народна банка. По повод 5 и 10 години од осамостојувањето, во 1996 и во 2002 година беа издадени златници кои се вклопуваат во оваа серија на златници со кои ја одбележуваме столетната македонска државност.

Почитувани дами и господа, златниците исковани пред илјадници години на ова тло, од кои некои се и во витрините на овој музеј сјајат и денес, исто како и во времето кога биле исковани. И овие златници кои денес ги промовираме ќе ги красат витрините на овој или некој друг музеј во светот и после 100 и после 1000 години со истиот сјај.

Нека ни е трајна и сјајна нашата држава Република Македонија, онака како што се трајни и сјајни златниците кои денес ги промовираме.

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 % 1,00 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,48 %
3 месеци 1,74 %
6 месеци 2,02 %
9 месеци 2,24 %
12 месеци 2,43 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%