вторник, 25 април 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

 

Скопје, 15.3.2017 година

Соопштение на НБРМ

На 14 март 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По трите последователни намалувања на каматната стапка, како одраз на постојаното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и континуираното исцрпување на ефектите од политичката криза, на оваа седница на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да не се промени. Во услови на зголемена ликвидност во банкарскиот систем, на седницата се одлучи понудата на благајнички записи да се зголеми на 30.000 милиони денари, односно за 5.000 милиони денари повеќе од нивото на достасаните благајнички записи (25.000 милиони денари). Каматната стапка на благајничките записи изнесува 3,25%, колку што изнесуваше и на претходната аукција.

Сигналите за стабилизација и натаму се присутни во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти ‒ штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Првичните февруарски податоци упатуваат на понатамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, со што тие се зголемуваат девет месеци последователно. На девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите два месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво. Поволните остварувања се во услови кога остварувањата и оцените за стабилноста на економските фундаменти и натаму се позитивни.

Во однос на економската активност, објавените проценети податоци за БДП за четвртиот квартал покажуваат раст на економијата, но малку посилен во однос на претходниот квартал (2,4% наспроти 2%, соодветно). Реалниот раст на БДП за целата 2016 година изнесува 2,4% и речиси и не отстапува од проекцијата на НБРМ од 2,3% за 2016 година. За првиот квартал од годината, бројот на расположливи вискофреквентни показатели е ограничен и премногу е рано за посигурни констатации.
Февруарските податоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 0,2%, што е малку послаб раст на цените од очекувањата. Сепак, нагорните корекции на очекуваното движење за 2017 година кај влезните претпоставки за увозните цени упатуваат на потенцијални нагорни ризици во однос на проекцијата на инфлацијата во 2017 година, како последица на фактори на страната на понудата.

Во февруари, петти месеци по ред, продолжи зголемувањето на ликвидноста во банкарскиот систем, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи. Имено, во февруари, на девизниот пазар се воочуваат вообичаени сезонски движења кај понудата и побарувачката од клиентите на деловните банки, при што нето-продажбата на девизи којашто банките ја остварија беше на минатогодишното ниво. Сепак, во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи, што услови откуп на девизи на Народната банка во трансакциите со банките поддржувачи. 

Во околности на натамошен раст на вишокот на денарски ликвидни средства, банките повторно го зголемија износот на пласирани средства во расположливи депозити кај Народната банка. Нивната состојба достигна високо ниво, односно 43% од износот на средствата пласирани во основниот инструмент за монетарно регулирање. Растот на потенцијалната ликвидност на банките, којашто тековно е насочена кон расположливите депозити кај Народната банка, се одвива во околности на намалена кредитна побарувачка во последниот период, што е резултат на неизвесноста поврзана со политичката криза. Во такви околности, како и поради тоа што банките немаат можности да инвестираат во други домашни долгорочни финансиски инструменти, на седницата беше заклучено да се повлече дел од овие средства, коишто веќе добиваат карактер на структурен вишок на ликвидност во банкарскиот систем.

Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитите на населението во банкарскиот систем. Првичните податоци за февруари 2017 година покажуваат натамошен раст на штедењето на населението, деветти месец последователно. Сепак, вкупната депозитна база во февруари повторно забележа месечен пад, како последица на намалувањето на депозитите на претпријатијата. Ваквите остварувања доведоа до забавување на годишната динамика на раст на депозитите, сепак нивото на депозитите е повисоко во однос на очекувањата.

Во однос на кредитната активност, првичните податоци заклучно со февруари покажуваат продолжување на растот на кредитите на годишна основа и задржување на трендот на поизразено кредитирање на секторот „население“. Последните податоци за кредитната активност упатуваат на послаби остварувања во однос на проектираните за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција.

Податоците за девизните резерви во февруари, во однос на крајот на 2016 година, покажуваат пад, во голем дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината се достапни податоци за менувачкиот пазар заклучно со втората декада од февруари, коишто упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери што се блиски во однос на очекувањата. Исто така, и последните расположливи податоци за надворешната трговија за јануари не упатуваат на остварувања различни од проектираните. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни констатации во однос на очекувањата за целото тримесечје.

На меѓународните финансиски пазари се засилуваат пазарните очекувања за постепено нормализирање на монетарните услови од страна на глобално влијателните централни банки, како одговор на поизвесните нагорни ценовни придвижувања и солидните економски остварувања, како во САД, така и во евро-зоната. На состанокот на ЕЦБ, на почетокот на март, беше задржана тековната поставеност на монетарната политика, но се разгледуваа намалените дефлациски ризици, што придонесе за умерен раст на приносите на државните обврзници, во очекување за почеток на циклус на зголемување на каматите до крајот на годината. Во САД, пазарните учесници очекуваат дека централната банка ќе ги зголеми каматните стапки на состанокот на 15 март и дополнително, во јули и декември, што е во согласност со макроекономските остварувања и поволните услови на пазарот на труд.

На седницата беше заклучено дека оцените за стабилноста на економските основи и натаму се позитивни. Ризиците од домашните политички случувања сѐ уште се присутни и изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување се повторно актуелни.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.

Кабинет на гувернерот

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,49 %
3 месеци 1,75 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,22 %
12 месеци 2,44 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%