петок, 24 март 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

 

Скопје, 11.1.2017 година

Соопштение на НБРМ

На 10 јануари 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето во декември 2016 година, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за дополнителни 0,25 процентни поени и таа да изнесува 3,5%, а понудата на благајнички записи да се зголеми од 23.000 милиони денари на 25.000 милиони денари.

Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација и понатаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти - девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем. НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето-откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви. Воедно, првичните декемвриски податоци упатуваат на натамошен засилен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Овие податоци покажуваат и изразени преференции на населението за располагање со домашна валута. Поволните остварувања се забележуваат во услови на натамошни позитивни оцени за стабилноста на економските фундаменти.

Во однос на економската активност во македонската економија, бројот на показателите за четвртиот квартал од годината расположливи досега е ограничен, а нивното движење дава различни сигнали, поради што засега тешко можат да се дадат попрецизни оцени. Последните податоци за инфлацијата за 2016 година покажуваат дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени останува во негативната зона (-0,2%, во просек), при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст. Инфлациските остварувања во декември упатуваат на нешто пониска инфлација од проектираната, а очекувањата за увозните цени се ревидирани во различна насока, поради што и ризиците околу проекцијата на инфлацијата за следниот период се оценуваат како урамнотежени. Првичните податоци за фискалниот сектор за 2016 година упатуваат на помал буџетски дефицит во споредба со претходната година, а со тоа и одржување на процесот на фискална консолидација втора година по ред.
 
На седницата беше констатирано дека во декември ликвидноста во банкарскиот систем забележа релативно висок месечен раст, главно поради интервенциите на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи (во износ од 63,45 милиони евра). Имено, банките имаа вишок девизи генериран од поповолните движења во трансакциите со клиентите, пред сѐ со фирмите. Исто така, зголемена понуда имаше и од менувачниците, како сезонски ефект пред божиќните и новогодишните празници, додека со физичките лица беа регистрирани стабилни движења и нето-откуп на девизи. Со овие движења во декември, вкупните остварувања на девизниот пазар во последниот квартал од годината се исклучително поволни, при што банките во трансакциите со клиенти остваруваат нето-откуп на девизи втор последователен квартал. Остварувањата на девизниот пазар, како и приспособувањето на високите девизни позиции на банките во услови на зголемено кредитирање со валутна компонента, овозможија Народната банка да откупи вкупно 182,75 милиони евра во втората половина од годината, што е повеќе од продажбите во период на нестабилност на девизниот пазар во вториот квартал. Со тоа, на збирна основа во 2016 година Народната банка регистрира нето-откуп на девизи во износ од 16,65 милиони евра, со што ја зголеми ликвидноста во банкарскиот систем. Покрај девизните интервенции, во насока на зголемување на ликвидноста на банките во 2016 година влијаеја и трансакциите на државата. Банките главно ја насочуваат високата денарска ликвидност во расположливите депозити кај Народната банка.

Податоците за девизните резерви во декември покажуваат раст, пред сѐ како резултат на интервенциите на НБРМ со откуп на девизи, што упатува на поволни платнобилансни текови. Девизните резерви се повисоки во текот на целата 2016 година, со најизразен ефект врз нивниот раст од трансакциите на државата и девизните депозити на банките кај НБРМ. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци за четвртиот квартал покажуваат дека трговскиот дефицит е нешто понизок од очекувањата, а нето-откупот на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, е во рамки на очекувањата.

Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките. Првичните декадни податоци за декември 2016 година покажуваат месечен раст на вкупните депозити од 4%, што претставува значително забрзување во однос на досегашната динамика на раст. Растот на вкупните депозити во декември во поголем дел произлегуваше од повисоките депозити на претпријатијата, но значителен е придонесот и на штедењето на домаќинствата. Од аспект на валутната структура на штедењето на населението, наспроти претходните три месеци кога придонесот на денарската и девизната компонента во растот на депозитите беше релативно урамнотежен, во декември 2016 година речиси 90% од прирастот на штедењето на населението е во денари. Растот на вкупната депозитна база на банките во декември изнесува 5,7% на годишна основа, што претставува забрзување на годишниот раст, којшто воедно е повисок од проектираниот. Податоците за кредитниот пазар во декември исто така се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6% е над проектираната.

Во декември, меѓународните финансиски пазари беа под влијание на дивергентната поставеност на монетарната политика на ЕЦБ и на ФЕД, потврдена со одлуките донесени на состаноците на овие централни банки во декември. Во еврозоната беа забележани позитивни ценовни придвижувања на крајот на годината, во услови на повисоки цени на енергентите, што е поврзано со одлуките за ограничување на понудата на нафта од страна на земјите извознички на овој енергент.

На седницата беше оценето дека последните податоци покажуваат постојано стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што придонесува за раст на штедењето на населението и откуп на девизи на НБРМ на девизниот пазар. Ваквите поволни движења укажуваат на услови за постепено приспособување на основната каматна стапка на нивото остварено пред мај 2016 година. Оцените за стабилноста на економските фундаменти остануваат позитивни. Ризиците од домашните политички случувања се ублажени, но и понатаму присутни. Воедно, и ризиците од глобалното окружување остануваат актуелни.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.

Кабинет на гувернерот

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,94 % 1,00 %
1 недела 1,19 %
1 месец 1,44 %
3 месеци 1,75 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,23 %
12 месеци 2,41 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%