Известување

Ве известуваме дека на 22. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 15 септември 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

- „Влијанието на СДИ по сектори врз економскиот раст во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, автори: Мите Митески и Дијана Јаневска - Стефанова.

- „Модел за анализа на политиките во Македонија (МАКПАМ)", автори: Тибор Хледик, Султанија Бојчева Терзијан, Билјана Јовановиќ и Рилинд Кабаши.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 22. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 13 септември 2016 година на тел. +389 2 3298110 или на е-пошта: kontakt@kapital.com.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.