Известување

Ве известуваме дека на 20. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 10 март 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Долгорочни лузни на пазарот на труд при исклучително висока невработеност на младите: Докази од Македонија“, автори: Никица Мојсоска-Блажевски и Марјан Петрески; и
  • „Предвидување на пресвртните точки на македонскиот бизнис-циклус со примeна на квалитативниот векторско-авторегресивен модел“ автори: Магдалена Петровска, Анета Крстевска и Никола Наумовски.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 20. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 март 2016 година на тел. +389 2 3298110 или на е-пошта: kontakt@kapital.com.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.