ДНЕВЕН РЕД
Од I седница, одржана на 12.01.2018

  1. Одлука за издавање кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Овен“;
  2. Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Овен“.


Вицегувернер и претседавач на Советот
на Народната банка наРепублика Македонија
д-р Фадил Бајрами




ДНЕВЕН РЕД
Од II седница, одржана 01.02.2018 

  1. Усвојување на записници од XV седница од 2017 и I седница од 2018 година на Советот на Народната банка на Република Македонија;  
  2. Политика за изменување и дополнување на Политиката за управување со оперативните ризици на Народната банка на Република Македонија;
  3. Квартален извештај, февруари 2018;
  4. Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2017 година;
  5. Одлука за правилата за добро корпоративно управување во банка;
  6. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање согласности;
  7. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за издавање дозволи; 
  8. Одлука за усвојување на Извештајот на Централната пописна комисија за извршениот годишен попис на средствата, изворите на средствата побарувањето и обврските на Народната банка со состојба 31 декември 2017 година;
  9. Одлука за отпис на обврски и бришење од сметководствена евиденција;
  10. Информација за воведување на МСФИ 9- Финансиски инструменти, класификација и мерење кај Народната банка на Република Македонија;
  11. Најнови макроекономски показатели-Преглед на тековната состојба, јануари 2018 година.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов





ДНЕВЕН РЕД 
Од III седница, одржана 06.02.2018

  1. Одлука за издавање кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Бик“;
  2. Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Бик“.


Гувернер и претседавач на Советот 
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов



ДНЕВЕН РЕД
Од IV седница, одржана 23.02.2018

  1. Усвојување  записниците од II  и III седница на Советот на Народната банка на Република Македонија; 
  2. Одлука за одобрување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија за 2017 година и за распределување на финансискиот резултат за распределба за 2017 година;
    • Годишна сметка на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
    • Финансиски извештаи на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  3. Извештај на независниот ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  4. Извештај за остварување на финансискиот план на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  5. Извештај за остварување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  6. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2017 година на Народната банка на Република Македонија за периодот јануари – декември 2017 година;
  7. Извештај за работењето на внатрешната ревизија во 2017 година;
  8. Извештај за работењето на Комитетот за ревизија за 2017 година;
  9. Извештај за извршување на Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  10. Одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавните набавки во 2018 година на Народната банка на Република Македонија;
  11. Одлука за продажба на подвижен имот;
  12. Правилник за класифицирање информации;
  13. Најнови Макроекономски показатели - преглед на тековната состојба, февруари 2018 година;
  14. Разно
    • Информација за „Методот на оцена на производствениот јаз“;
    • Податоци за надворешно трговската размена, вклучително и на новите производни капацитети, за периодот 2013-2017 година;
    • Материјали согласно заклучокот од I седница на Комитетот за ревизија одржана на 21.02.2018 година.




Гувернер и претседавач на Советот 
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов



ДНЕВЕН РЕД
Од V седница, одржана 09.03.2018

  1. Одлука за издавање кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Близнаци“;
  2. Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели од серијата хороскопски знаци со име „Близнаци“.


Гувернер и претседавач на Советот 
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов



ДНЕВЕН РЕД
Од VI седница, одржана 29.03.2018

  1. Усвојување  записници од IV и V седница на Советот на Народната банка на Република Македонија;
  2. Одлука за  начинот на вршење супервизија и надзор;
  3. Одлука за изменување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија;
  4. Одлука за изменување на Годишниот план за јавните набавки во 2018 година на Народната банка на Република Македонија;
  5. Одлука за пуштање во оптек на книжни пари во апоени од 10 и 50 денари;
  6. Одлука за повлекување од оптек на книжни пари во апоени од 10 и 50 денари;
  7. Одлука за пуштање во оптек на книжни пари во апоен од 100 денари;
  8. Одлука за пуштање во оптек на ковани пари во апоен од 2 денари;
  9. Најнови Макроекономски показатели - преглед на тековната состојба, март 2018 година;
  10. Разно;


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов



ДНЕВЕН РЕД
Од VII седница, одржана 11.04.2018

  1. Одлука за издавање кована пара за колекционерски цели од серијата Хороскопски знаци со име „Рак“,
  2. Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели од серијата Хороскопски знаци со име „Рак“.

 

Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов



ДНЕВЕН РЕД
Од VIII седница, одржана 26.04.2018 

  1. Усвојување на записниците од VI и VII седници на Советот на Народната банка на Република Македонија;
  2. Годишен извештај на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  3. Извештај на независниот ревизор за конзистентност на Годишниот извештај за работењето на Народната банка за 2017 година со Финансиските извештаи и годишната сметка на Народната банка на Република Македонија за 2017 година;
  4. Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2017 година;
  5. Годишен Извештај за извршените контроли на усогласеноста на работењето со прописите во 2017 година;
  6. Финансиски извештај на Народната банка на Република Македонија со состојба на 31 март 2018 година;
  7. Извештај за исполнување на Финансискиот план на Народната банка на Република Македонија за периодот  јануари – март 2018 година;
  8. Извештај за исполнување на Планот за инвестиции во основни средства на Народната банка на Република Македонија за периодот  јануари – март 2018 година;
  9. Информација за управување со билансот на Народната банка на Република Македонија за периодот 2011 – 2017 година;
  10. Извештај за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал на 2018 година;
  11. Извештај за остварувањето на Годишниот план за јавните набавки во 2018 година на Народната банка на Република Македонија за периодот јануари ‒ март 2018 година.
  12. Одлука за методологијата за сигурност на информативниот систем на банката;
  13. Одлука за методологија за управување со ризикот од перење пари и финансирање на тероризам;
  14. Најнови макроекономски показатели – преглед на тековната состојба, април 2018 година;
  15. Разно.


Гувернер и претседавач на Советот
на Народната банка на Република Македонија
Димитар Богов