Соопштение на НБРМ, 13.5.2015 година
На 12.5.2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани најновите макроекономски показатели и проекции во контекст на нивните ефекти врз поставеноста на монетарната политика. Притоа беше констатирано дека последните проекции не упатуваат на поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика, при што беше одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), со непроменета каматна стапка од 3,25%.